Ташевска - Ременски изврши увид во функционирањето Прифатниот транзитен центар на Табановце

Mинистерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски го посети Прифатниот транзитен центар за мигранти во Табановце при што изврши увид во неговото функционирање.

Со работата и дневното функционирање на Транзитниот центар беше детално информирана од раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Горан Стојановски. Таа го информираше раководителот Стојановски дека целта на посетата е запознавање со завршните активности кои биле обврска на министерството во камповите во Табановце и „Винојуг“, особено за, како што рече, обезбедување на предуслови за загревање на објектите наменети за бегалците. Притоа, министерката Ташевска – Ременски потсети дека пред извесен период е потпишан договор со ЕВН, дека се преземни чекори за донесување на трансфорамтор, за премрежувања на објектите и нивно функционирање, вклучително и за оние во кои се сместени и институциите, МВР, Црвен Крст и невладините организации.

Министерката Ташевска-Ременски ги посети и објектите во кои одмараат бегалците и се информираше за активностите коишто се спроведуваат во центарот, а се под ингеренција на Министерството за труд и социјална политика, во однос на координирање на активностите на невладиниот сектор, доставата на хуманитарната помош за бегалаците, за функционирањето на објектите во кои се сместуваат лицата кои транзитираат во Македонија, посебно за ранливите категории мајките и децата. 

Посебен интерес и предизвикаа и цртежите на децата бегалци кои за време на краткиот престој ги цртаат во шаторите на Невладината организација Отворена порта Ла страда и на СОС Детското село каде што покрај топол престој им се дава и можност за кратка релаксација.

Токму затоа, таа топло им се заблагодари на невладиниот сектор, за грижата што има ја пружаат на луѓето кои транзитираат во Македонија и вети дека нивните забелешки ќе бидат земени во предвид.

“Забелешките кои се упатени од претставниците на невладиниот сектор во најбрз можен рок ќе се остранат, со цел создавање на услови за работа. Министерството за труд и социјална политика во моментов спроведува голем број на активности кои треба да ги засилат подготовките за периодот кога се очекува поголем прилив на бегалци, кога временските услови ќе бидат поповолни. Во таа насока, министерството спроведе неколку постапки во делот на набавка на храна, душеци и целокупна опрема за да има доволно, доколку се создадат некакви вонредни ситуации”, рече министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска – Ременски и дополни:

“Од комуникацијата што ја имаме со претставниците на меѓународната заедница добиваме информации дека можеби ќе настане и некакава промена во политиките кон бегалците од страна на земјите-членки на ЕУ. Веќе постојат најави за некакви затворања на граници и ограничувања на бројот на бегалци кои би можеле да бидат прифатени од земјите на ЕУ, тоа ќе наметне дополнително редефинирање на некои одлуки и во земјите од Западен Балкан и Република Македонија. Во таа насока сакам да истакнам дека треба да се зафатиме и со подготвување на „План Б“ во случај да имаме такви одлуки и да бидеме приморани како држава да променуваме веќе донесени одлуки”. 

Ташевска –Ременски рече дека Министерството за труд и социјална политика ќе иницира одредени активности за навремено да бидат преземни од управувачкиот комитет кој што ги носи одлуките и ги делегира задолженијата кон институциите во однос на подготовка на такво сценарио што ќе наметне дополнителни активности и вонредни напори. 

“Се разбира, тука не е само МТСП, што ги има обврските, тука се сите државни институции и органи со кои што интерресорски мораме да ги координираме активностите и да не ни се случи пропуст кој што би можел да донесе некакви непредвидливи ситауации”, рече Ташевска – Ременски која ја искористи можноста и им се заблагодари на донаторите кои одвојуваат финансиски средства за невладиниот сектор и за институциите на РМ.

“Европската банка за развој од која што добивме и потпишавме грант од 2,5 милиони евра кои што со план го користиме, со УНХЦР и сите останати кои што навистина ја сфатија подготвеноста на институциите, за да можат да ги ослободат финансиските средства во однос на планираните активности кои што ќе ги пројавиме”, рече министерката Ташевска - Ременски.

Потенцираше дека иделани услови во камповите нема, но се работи на отстранување на недостатоците. Додаде дека кампот „Табановце“ има предности во однос на кампот „Винојуг“ и дека дел од активностите кои се спроведуваат во „Табановце“ можат да послужат како пример за центарот во Гевгелија.

“Правиме напори на заедничка координација се што е недостаток во Гевгелија да го отстраниме и се што е недостаток во Табановце да го остраниме”, рече Ташевска - Ременски и изрази уверување дека сите нотирани забелешки во најбрз можен рок ќе бидат отстранети.

Во врска со престојот на помала група на мигранти од Мароко во транзитниот центар, одговарајќи на новинарски прашања, Ташевска- Ременски истакна дека имаат две можности или да побараат азил и да бидат смесетни во кампот во Визбегово или да бидат транспортирани на јужната граница. Што се однесува до кујната во Табановце, министерката нагласи дека е неопходно да се создадат услови за исполнување на стандардите и дека дополнително ќе се преземат мерки за да се регулира прашањето за достава на топли оброци за бегалците.                                                      

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }