Ибрахими им посака добредојде на првата група дечиња што ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација на деца 

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими ја посети првата група на деца коишто ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за време на зимскиот распуст 2017 година во Детското одморалиште „Бегова Корија“-Крушево.

Имено, во текот на зимскиот распуст за учебната 2016/2017 година ќе бидат опфатени 1000 деца родени во периодот од 2002 до 2007 година или деца редовни ученици  кои во учебната 2016/2017 година посетувале петто, шесто, седмо, осмо и деветто одделение и деца корисници на посебен додаток до 26 години.

“Oваа услуга ќе ја користат деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток, родителски додаток, децата без родители и родителска грижа, родени во периодот од 2002 до 2007 година и/или деца редовни ученици кои во учебната 2016/2017 година посетувале петто, шесто, седмо, осмо и деветто одделение и деца корисници на посебен додаток до 26 години”, информираше при посетата министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими .

Услугата започна да се користи од 2.1.2017 година па се до 17.01.2017 година, односно во 3 (три) смени од по 6 дена, во Детското одморалиште „Бегова Корија“, Крушево.

Услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа 5 полни пансиони  (ноќевање со три оброка дневно), едукативни, забавни и спортски активности. Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одморот.

Превозот на децата од одреденото место од страна на надлежниот Центар за социјални работи до одморалиштето и обратно ќе биде организиран.

За време на користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација на децата ќе бидат ангажирани и волонтери на Црвениот крст на Македонија и одговорни лица од Центрите за  социјална работа.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }