Во пресрет на најавите за студен бран координација на министерот Ибрахими со директорите на Центрите за социјална работа

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими оствари работна средба со директорите на Меѓуопштинските центри за социјална работа на која што се разговараше за мерките коишто треба да бидат преземени за заштита на бездомните лица, како и на старите лица пред најавата за студениот бран.

Имено, согласно со насоките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи Министерството за труд и социјална политика, зедно со Центрите за социјална работа и општинските организации на Црвениот крст ќе ги идефнтификуваат сите бездомни лица и лица во ризик, и доколку е потребно навремено ќе преземаат мерки за нивно времено сместување во пунктот за бездомници во Момин Поток на Црвен крст на град Скопје и во прифатниот центар за бездомни лица “Чичино село”, како и во други институции коишто ќе бидат ставени на располагање во наредниве седум дена на територијата на Република Македонија. 

“По препораки на Управувачкиот комитет за кризи Министерството за труд и социјална политика доби одредени задолженија и заедно со центрите за социјална работа договоривме чекори во насока на преземање мерки поради најавеното невреме и очекуваните ниски температури во Македонија. Министерството, Црвениот крст, локалните самоуправи и месните заедници ќе направат идентификувања на лицата во ризик, и иако има одредени информаци и бројки, тие ќе се проверат уште еднаш за да може на тие лица да им се помогне во период кога се очекува невремето”, рече министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими по денешата средба.

Тој исто така инфомрираше дека доколку се јави потреба за сместување на лица надвор од Скопје, во соработка со Министерството за образование и накука ќе бидат отворени училишните интернати низ градовите во Македонија и воедно упати и повик до сите граѓани.

“Доколку некој има потреба за згрижување или пак некој граѓанин забележи лице на кое тоа му е потребно да биде згрижено ги повикувам граѓаните на Република Македонија да пријават на бројот 195”, повика министерот  Ибрахими. 

На средбата присуствуваше и секретарот на Црвениот крст на град Скопје Сузана Тунева-Пауновска  која што информираше дека тимот за одговор при катастрофи веќе е мобилен.

“Четири тимови работат 24 часа. Во секој тим има парамедик, социјален работник, и логистика. Се работи за обучени лица во природни непогоди. Залихите на храна, хигиена, ќебиња, топла облека, напитоци со кои располагаме се веќе дистрибуирани до локалните организации на Црвениот крст во регионите каде се очекуваат ниски темпратури”, рече Тунева-Пауновска.

Во делот на поддршката на бездомниците, додаде, на дневна основа дека сега има прифат на 8 до 10 лица, а дека вкупниот број на бездомни лца е 148 во Скопје, но надвор од Скопје бројот е мал. Сепак од Црвениот крст очекуваат овој број да се зголеми кога температурите ќе паднат и ќе бидат пониски.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }