Промовирани две нови мерки за зголемување на вработеноста

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски и раководителот на Центарот за вработување на град Скопје, Слободанка Алексоска денес информираа за мерките: Субвенционирано вработување на корисници на социјална парична помош и Обука за работодавачи.

“Би сакал да ја известам јавноста дека е објавен јавниот повик до невработените лица-корисници на социјална парична помош и до работодавачите за субвенционирано вработување на приматели на социјална помош”, рече Спасов и продолжи:

“Износот на субвенцијата ќе изнесува 17.000 денари месечно за 6 месеци, од кои  14.000 денари бруто месечна плата по вработено лице и 3.000 денари месечно за рaботодавачите за секој вработен во периодот од првите 6 месеци кои се наменети за покривање на трошоците за обука и материјали”

Работодавачот нема да смее на вработените да им исплаќа плати (пониски од добиената субвенција) во периодот од 6-те месеци субвенционирано вработување и има обврска да ги задржи сите учесници во програмата дополнителни 6 месеци по истекот на 6-те месеци од периодот на субвенционираното вработување. Буџетот за оваа мерка изнесува 12.750.000 денари.

Заинтересираните невработени лица за овој јавен оглас пријави можат да поднесат  во работните клубови на 30-те Центри за вработување во Република Македонија.

“Исто така, би сакал да информирам дека со цел континуирано да им овозможиме на приватните компании обука за работни места за кои имаат потреба, како и на невработените да учествуваат во програмите за обуки, континуирано е активен огласот за мерката обука кај познат работодавач. Оваа обука предвидува подготовката за вработување да трае до три месеци, согласно со доставениот план за обука, со обврска работодавачот да вработи најмалку 50% од вклучените лица во обуката”, потенцираше Спасов.

Висината на паричните средства за невработеното лице вклучено во подготовката изнесува 5.700 денари месечно, со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување, како и 4.080 денари парична помош за компанијата за подршка на обука и материјали.

“Во 2014 година планирано е да се опфатат 1000 невработени лица, додека пак буџетот кој е планиран за реализација на оваа мерка изнесува 22.580.000 денари. Инаку, за успешноста на самата мерка говори и бројката на постигнати вработувања изминатите години, односно, од 2007 до 2013 година во Програмата за Обука кај познат работодавач учествувале 7.278 лица и се постигнати 6.591 вработувања”, нагласи Спасов.

Тој ги повикa  корисниците на социјална парична помош да аплицираат да ја искористат можноста, да се вклучат во пазарот на трудот, да ги искористат своите способноси за да ја обезбедат својата животна егзистенција.

“Ги повикувам и фирмите да се вклучат во овие две мерки, пред сè да ги искористат во подобрување на производниот процес и постигање на резултати во работата. На тој начин, го зацврстуваме партнерскиот однос во намалување на невработеноста со потврда на интересите на невработените, работодавците”, заврши Спасов.              

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }