Нова градинка во населбата Козле ќе биде отворена есенва

Нова градинка за згрижување на шеесеттина деца ќе биде отворена наесен во населбата Козле во општина Карпош. Објектот, кој ќе биде клон на градинката Пролет, е обезбеден од општината, која и партерно ќе го уреди просторот околу него, а Министерството за труд и социјална политика со средства во висина од околу 2,5 милиони денари ќе ја опреми градинката.

"Градежните активности се во тек. Очекуваме таа да биде завршена до крајот на летниот период и до есен да биде пуштена во употреба за јасли, групи за 60 дечиња. Вкупната инвестиција на министерството за труд и социјална политика е 2,5 милиони денари додека општина Карпош го обезбеди објектот кој во моментот се реконструира и партерно ќе го уреди", истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој заедно со градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски изврши увид во градежните работи.

Тој додаде дека како Министерство учествуваат и во реконструкција и целосно реновирање на градинката „Пролет“ во Козле, кој бил доста стар објект.

"Очекуваме набразо да биде одобрен и кредитот од страна на Министерството за финансии преку Светската банка да се финансира изградбата на новата градинка во населеното место Бардовци. Ова покажува дека со општина Карпош имаме интензивна соработка во насока на подобрување на условите и отворање нови места за згрижување на децата од предучилишна возраст", рече Спасов.

Информира дека во завршна фаза се градинките во Дексион, Ѓорче Петров,  во Радишани, Бутел, а, како што рече, се градат и две градинки во општина Аеродором. Неодамна била отворена нова градинка во Кисела Вода, акко што додаде, се планира во 2017 година да се инвестира во нови градинки во Волково и Драчево.

Градоначалникот Јакимовски истакна дека со изградбата на овој трет клон на градинката Пролет во Козле, ќе се реши проблемот со недостигот на слободни места за упис на децата во градинките.

"Во градинката пролет во Козле во која има два клона во континуитет чекаат од 70 до 90 деца за упис во градинките. Со отворање на овој трет клон практично ние ќе ги згрижиме сите деца од територијата на Козле", рече Јакимовски.

Појасни дека општината ќе гради и комплетно нов објект во градинката Мајски цвет во Тафталиџе два и нов објект во Мајски цвет во Тафталиџе 1, а, рече, ќе се реконструира и градинката во Карпош 4.

"Со ова практично ќе бидат реконстриурани сите градинки на територијата на Карпош. Со изградбата на градинката во Бардовци која ја планираме заедно со МТСП, практично сите месни заедници ќе имаат свои градинки", речи Јакимовски.

Министерот Спасов истакна дека во изминатите години отворени се вкупно 13 нови детски градинки на територијата на Скопје, со што, како што рече, се отворени нови 1.600 места за децата од предучилишната возраст.

Тој исткна дека зголемување на капацитетите за предучилишна возраст се прави и со отворање приватни детски градинки. Стимулирањето на отворањето приватни градинки, рече, се прави и преку проекот за доделување грант во висина од 10 илјади евра, неповратни средства.


"Годинава ќе поддржиме отворање 10 нови приватни детски градинки со неповратни грант средства во висина од 10 илјади евра за изградба на објект или негова опрема. Досега има поголем број лица кои се заинтересирани и 5 апликации", рече министерот за труд и социјална политика.

Очекувам, додаде, до крајот на годината овој нов проект да ги мотивира потенцијалните инвеститори за зголемување на бројот на приватни детски градинки и зголемување на капацитетите за згрижување деца. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }