Од септември нова градинка за 100 дечиња во Горно Лисиче

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски денеска беа во увид на градежните работи на новата градинка што се гради во Горно Лисиче.

“Денес правиме една обиколка на објектот кој што се гради во Горно Лисиче, се работи за нова градинка која што ја гради општина Аеродром во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Градинката ќе има можност да прими 100 дечиња. Очекувам на 1-ви септември таа да биде пуштена во употреба. Целокупната инвестиција чини околу 14 милиони денари. Сретствата се обезбедени од буџетот на Министерството за труд и социјална политика и општина Аеродром. Во општина Аеродром во моментов се работи на изградба на д ве градинки, вклучително и оваа со вкупен капацитет за 300 дечиња, за 200 дечиња во населбата Јане Сандански и една во Горно Лисиче”, информира градоначалникот Коневски.Како што потенцира се очекува овие две градинки да бидат пуштени во употреба во септември, а како што додаде Коневски додаде дека во моментов општината работи на проектирање на уште две градинки што треба да бидат готови до крајот на годинава, а следната година се очекува да се отпочне со реализација на уште две градинки.

“До крајот на мојот мандат очекувањата се дека ќе бидат и овие две градинки готови. Така што вкупниот број на градинки кои што ќе бидат изградени во последните 4 години во општина Аеродром ќе биде 5 со вкупен капацитет за околу 1.000 дечиња”, потенцира Коневски.

“Овој проект го започнавме некаде на почетокот на годината и како што може да се види е во завршна фаза на реализација. Од почетокот на септември овде ќе се создаде капацитет за згрижување на околу 100 дечиња кои што живеат на оваа територија, во ова населено место. Ова е втора градинка која што ја реализираме заедно со општина Аеродром, првата градинка беше градинката „Сонце“ која што се отвори во 2013-тата година и која што отвори нов капацитет за околу 180 дечиња”, информираше министерот Спасов.“Со реализацијата на овој проект исполнуваме уште едно големо барање на граѓаните кои што живеат во населба Горно Лисиче кои што од септември па натаму ќе имаат простор каде да ги згрижат своите дечиња и да ги извршуваат своите работни обврски”, рече Спасов.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }