Средба на Царовска со Рома СОС

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска одржа средба со претставници и соработници на Ромската организација за мултикултурна афирмација (Рома СОС). 

Тема на разговорот беа детските бракови, за што оваа организација има подготвено студија на случај, со која се илустрираат последиците врз развојот на децата (сиромаштија, семејно насилство, необразованост, рана бременост). 

Рома СОС презентираше конкретни предлози изработени врз база на нивните истражувања и заклучоци. Меѓу нив најзначаен е предлогот за хармонизирање на постојното законодавство со цел експлицитно да се осигура дека минималната законска возраст е 18 години за едно лице да живее во брачна или вонбрачна заедница, а притоа исклучоците да не бидат правило. 

Исто така, се предлага воведување на институционален систем за евиденција и следење на бракови меѓу и со лица помлади од 18 години и развивање на посебна програма за заштита и спречување од брачна заедница под 18 години. 

Царовска изрази поддршка за иницијативата и побара продолжување на јавнатата расправа за овие предлози и во наредниот период.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }