Средба на министерката Царовска со претставнички на Националната мрежа протов насилство врз жени и Платформата за родова еднаквост

Стратешката ориентација на Министерството за труд и социјална политика во насока на унапредување на родовата еднаквост беше основното прашање дискутирано на средбата на министерката Мила Царовска со претставнички на Националната мрежа протов насилство врз жени и Платформата за родова еднаквост.

Присутните се согласија околу неопходноста за редовна и координирана соработка на министерството со граѓанските организации во областа на креирање  родово сензитивни политики и буџети. Царовска го повтори ставот дека тие се клучен партнер за остварување на овие заложби, бидејќи само со широка дебата и вклученост е можно да се подготват и имплементираат квалитетни решенија. Во таа насока, министерката изјави дека редовно ќе бара идеи и сугестии од граѓанскиот сектор, а истовремено остава слободен простор за тие се обратат со свои предлози за соработка.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }