Започна реконструкција на објект во ООУ „11 Октомври“ наменет за Центар за деца со церебрална парализа

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски и главниот извршен директор на ОКТА Јаннис Геруланос извршија увид во започнатите градежни работи за реконструкција на објектот каде што привремено ќе биде дислоциран Центарот за деца со церебрална парализа бидејќи објектот во кој досега се наоѓаше Центарот ќе се руши поради изградба на ново основно училиште на истата локација. Објектот ќе биде во рамките на ООУ „11 Октомври“ во општина Центар. 

“За да нема застој во давањето на овие услуги се реконструира, односно од денеска започнува реконструкцијата на нов објект којшто се наоѓа во склоп на училиштето „11 Октомври“, исто така во Центар. Објектот ќе опслужува 45 корисници кои ќе добиваат психолошка, дефектолошка и логопедска поддршка, како и физиотерапија”, истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Додаде дека овој објект ќе биде реконструиран врз основа на сите принципи и неопходни стандарди и дека Министерството за труд и социјална политика има скромна сума на средства кои ќе ги вклучи во реконструкцијата и преселбата на овој објект, но потенцира дека без помошта на донаторите објектот тешко ќе се реконструирал и ќе ги исполнел потребните стандарди.

“Сакам, исто така, да истакнам и дека во рамки на новото училиште во Капиштец, ќе се изгради и нов објект на Дневниот центар, по што децата ќе се вратат на старата локација. После тоа, се надевам, и моја лична желба е да имаме два дневни центри за деца со церебрална парализа, еден во Капиштец, и овој тука во основото училиште “11 Октомври”. Многу ни е важно родителите на децата да се согласни во овој процес дека ги исполнуваме стандардите потребни за вакви објекти, од исклучително значење ќе ни бидат и советите од страна на родителите на децата, но и на стручниот персонал кој работи во Центарот”, рече министерката Царовска. 

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски рече дека дислокацијата на Центарот била неопходна поради изградбата на новото основно училиште во Капиштец, но дека таа ќе биде привремена. 

“По завршување на целосната изградба на основното училиште децата ќе се вратат и ќе бидат во новото училиште, бидејќи не можеме да говориме за инклузија ако се тие посебно сместени”, рече тој.

Тој информираше дека потоа овој објект ќе биде наменет за градинка, со оглед на тоа што, како што рече, во овој дел на општината нема градинка.

Главниот извршен директор на ОКТА Јаннис Геруланос, чија компанија е донатор за реконструкцијата на објектот, изрази надеж дека со помошта што ја даваат ќе се овозможи добро ново место за згрижување на децата со церебрална парализа и ќе им ги даде потребните услуги и услови.

Министерката Царовска истакна дека оваа добра пракса што ја воспоставува Општина Центар треба да ја следат и сите други општини и таму да се изградат, реконструираат или адаптираат простории за вакви дејности.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }