Новите владини мерки значително ќе го подобрат животот на лицата со инвалидност


Министрите за труд и социјална политика и транспорт и врски, Диме Спасов и Миле Јанакиески остварија средба со претседателите на Националните сојузи на слепи и на телесни инвалиди и со претставници од здружението „Полиоплус“.

Со цел создавање на едно поинклузивно општество, како што нагласи министерот Спасов,  Владата континуирано презема мерки со кои се олеснува и подобрува животот на лицата со инвалидност и попреченост.

„Токму поради тоа на последната седница на Владата на Република Македонија беа усвоени низа законски измени со коишто значително ќе се подобри животот на лицата со инвалидност, односно пристапот со сите објекти од  јавна намена, до сите деловни објекти и до сите станбени згради коишто во иднина ќе се градат, при што предвидено е сите објекти да имаат пристапни рампи за инвалиди. Исто така предвидено е лифтовите да бидат прилагодени за пристап на телесни инвалиди и за слепи лица, а понатаму се предвидува и централните градски подрачја и во градските паркови каде што ќе се градат нови пешачки патеки или ќе се реконструираат постоечките, истите да бидат прилагодени со тактилни патеки коишто ќе бидат наменети за слепите лица“, рече Спасов, додавајќи дека се работи за посебни перфорирани патеки коишто ќе го олеснат движењето на лицата со инвалидност, како и орентацијата во просторот.

Предвидено е и воведување на задолжителна звучна сигнализација на семафорите, како и низа други мерки, со кои, како што нагласи Спасов, значитечно ќе се подобри квалитетот на животот на лицата со инвалидност. И понатаму ќе се продолжи со отворената и директна соработка со овие здруженија со цел изнаоѓање на најразлични начини со кои системски ќе се придонесе да се решат сите проблеми со кои се соочуваат овие лица. 

"Не постои совршено општество, меѓутоа наша цел е континуирано да придонесуваме за поинклузивно општество во Република Македонија", нагласи Спасов. 

Како, што нагласи министерот Јанакиевски, дел од подзаконските акти ќе се допрецизираат во понеделник.

„Ќе се опише што се треба да содржат на пример становите, ние во Законот за грaдба напрaвивме измена кадешто секој десетти стан мора да биде така изграден и адаптиран со пристап за инвалидните лица и тоа треба точно да се опише во подзаконските акти, точно да се опише како ќе изгледаат лифтовите со брајова азбука, со звучна сигнализација, значи за сите оние мерки кои ги донесовме како Влада дијалогот ќе продолжи за да ги изготвиме сите акти и очекувам дека по влегување во сила на Законот за градење пред се, веднаш да бидат донесени и подзаконските акти  за да можат сите овие мерки да бидат во функција, се со цел да се олесни животот на оваа група на граѓани“, посочи Јанакиески. Тој додаде дека реконструкцијата на железничката станица во Скопје, која ќе биде направена по највисоки стандарди, ќе биде одличен пример како треба да јавните објекти во иднина.                        

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }