Одбележан Денот на згрижувачки семејства

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денес присуствуваше на одбележувањето на Меѓународниот ден на згрижувачки семејства во организација на Црвениот Крст и Министерството за труд и социјална политика. Во изјава за медиумите тој посочи:

“Во Република Македонија има околу 180 згрижувачки семејства кои згрижуваат над 280 деца од кои повеќето се деца без родители и родителска грижа, како и деца со пречки во развојот. Згрижувачките семејства во Македонија вршат хумана мисија и имаат голема улога во социјалната и детската заштита”, рече Спасов.

'Како надлежно министерство ќе продолжиме да ги поддржуваме нивните активности, во надградба на нивните капацитети и континуирани подобрување на грижата за овие деца, но и зголемувањето на паричната помош.Во 2015 година планираме зголемување на додатокот за згрижувачките семејства за 25 отсто,“ изјави министерот за труд и социјална политика” потенцираше  Спасов.

Се планира да се воведе и Праид програма, која е интернационално светска признаена програма за едукација на згрижувачките семејства. Наскоро ќе се започне и кампања, на секое дете му е потребно семејство, со која ќе се подигне свесноста на граѓаните за значењето, важноста и хуманата димензија на згрижувачките семејства. Целта е да се зголеми нивниот број и да се обезбеди поквалитетни услови за грижа на овие деца.    

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }