Спасов во работна посета на Струмичко 

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес го посети реновираниот Меѓуопштински центар за социјални работи во Струмица и притоа пред медиумите тој изјави:

“Пред неколку месеци започнавме со целосно реновирање и реконструкција на четири Центри за социјална работа во Република Македонија, при што Центарот во Ресен е со целосно завршена реконструкција, и во Струмица  е целосно реновиран, со нов мебел и електрична инсталација и нови прозори кои исто така овозможуваат поголема енергетска ефикасност и подобри услови за работа не само за вработените, туку и подобри услови за прием и услужување на сите граѓани коишто доаѓаат во ЦСР, и ги користат услугите од социјалната и детска заштита”, рече Спасов.

Спасов посочи дека приоритет на министерството e да продолжи со унапредување и подобрување на условите за работа  и за прием на граѓаните.

“Привршуваме со реконструкцијата на Центрите во Пробиштип и Свети Николе, и веќе од наредниот месец очекувам да почне реконструкцијата на седум Центри за социјална работа во Република Македонија, a потоа во финална фаза како трет циклус реновирање на сите останати.”

Министерот Спасов заедно со градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков, претставници на ЦСР Струмица и претставници на Црвениот Крст го посети семејството Јанкови од с.Смолјари, општина Ново Село.

“Денес заедно со градоначалникот сме овде, да изнајдеме повеќе начини да им помогнеме на семејството Јанкови.  Се работи за семејство кое има две деца со пречки во развојот од кој што едното е слепо и неподвижна, а другото е во тешка состојба”, рече Спасов.

Тој нагласи дека од страна на државатаа имаат помош како надоместок за помош и нега од друго лице за двете деца, од околу 8,500 денари.

“Бидејќи се работи за слепо лице, направивме ангажман со Центарот за социјални работи, ги посети лекарска комисија која изврши преглед и утврди дека се работи за слепило и оттука остварија право и денес им го дадовме решението за мобилност и слепило. Очекуваме и во наредниот временски период да се изнајде решение за другото дете, кое исто така е во неподвижна состојба и да добие надоместок за мобилност што е по 7000 денари по право, што значи дополнителни 14 000 денари месечно, кој ќе им бидат во корист на ова семејство. Исто така ќе помогнеме со еднократна парична помош, и заедно со градоначалникот на Ново Село и пратеникот Васил Пишев ќе се обидеме да им го реновираме објектот или да изградиме нов објект во кој ќе можат да се сместат', потенцираше Спасов.

Црвениот Крст интервенираше со хуманитарни пакети за ова семејство.

Во рамки на посетата на струмичкиот крај, министерот за труд и социјална политика ,Диме Спасов, ја  посети општина Босилово, конкретно с.Моноспитово, каде заедно со градоначалникот Љупчо Колев, го посети објектот во реконструкција наменет за нова детска градинка. Објектот се наоѓа во склоп на ОУ “Борис Трајковски”.

“Имено општина Босилово досега немаше воопшто градинка. Токму поради тие причини согласно нашите приоритети е да отвораме нови градинки во други просторни услови во општините кадешто до сега немале воопшто немало вакви објекти за згрижување на децата од предучилишна возраст', рече Спасов.

Тој потенцираше дека очекува градежните активности да завршат во септември и градинката да отпочне со работа и дека министерството учествувало со три милиони денари, а вкупната сума  наменета за реконструкција е  пет и пол милиони денари, при што општината ќе учествува во опремување на градинката.

“Продолжуваме со низа активности и инвестиции во струмичкиот крај”, заврши Спасов.
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }