Уште еден проект со кој се подобрува животот на повозрасните категории на граѓани

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, генералниот директор на Македонски железници Транспорт АД Скопје, Оливер Деркоски и претседателот на Сојузот на пензионерите на Македонија, Драги Аргировски информираа за Проектот за бесплатен превоз во железничкиот сообраќај на пензионерите.


„Со проектот Бесплатен превоз во железничкиот сообраќај на пензионерите и за граѓаните на Република Македонија кои што имаат над 62 години за жени и над 64 години за мажи дополнително се подобруваат условите за живот на пензионерите и старите лица во нашата земја. Овој проект беше дел од нашата Програма со рок за реализација за  наредната 2015 година, меѓутоа ние како Влада изнајдовме начин заедно со директорот на Македонски железници како да го реализираме што е можно побрзо, со тоа што овој проект започнува со реализиција од веќе од месец јули. Со проектот е опфатен еден викенд, вториот викенд од месецот, петок, сабота и недела, при што сите оние коишто спаѓаат во оваа старосна категорија ќе имаат бесплатен железнички превоз.

Дополнително во насока на подобрување на животот на пензионерите и одлуката на Градот Скопје во соработка со Владата на Република Македонија, дополнително и недела да биде бесплатна за превоз во градскиот сообраќај во Градот Скопје. Дополнително како Министерство за труд и социјална политика продолжуваме кон остварување на проекти кои се насочени кон подобрување на условите за живот на пензионерите во Република Македонија во таа смисла веќе во септември-октомври продолжува проектот Бесплатна бањско-климатска рекреација и ќе бидат опфатени уште 1050 пензионери кои што ќе искористат оваа услуга и  веќе наредната година дополнително уште 5000 пензионери и во 2015 година ќе започне проектот Бесплатен туристички викенд за пензионерите во Република Македонија. 

Во контиунуирана соработка со Сојузот на пензионерите и понатаму ќе изнаоѓаме различни проекти и решенија за предизвиците со кои се соочуваат пред се и во насока на зголемување на бројот на приватни старски домови започнавме еден крупен проект за низа поволности за потенцијалните инвеститори и очекуваме набрзо да се видат и ефектите од овој проект има се поголем број на заинтересирани потенцијални инвеститори  коишто би требало да се вклучат во отворање на нови старски домови во нашата држава“, изјави Спасов.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }