Државниот секретар Енвер Хусејин присуствуваше на работен состанок на УНХЦР и ОБСЕ во Белград

Државниот секретар при Министерство за труд и социјална политика Енвер Хусејин присуствуваше на Техничкиот работен состанок во организација на Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во Косово и Мисијата на ОБСЕ во Белград, Република Србија.  

Темата на овој состанок беше меѓуинституционалната иницијатива за трајни решенија за раселените лица од Косово на кој присуствуваа претставници од Србија, Косово, Македонија и Црна Гора. Хусејин на работниот состанок информираше дека Република Македонија остварува соработка со Високиот комесаријат за бегалци на ООН во однос на раселените лица од Косово кои се на територија на Република Македонија при што им се дава можност доброволно да се вратат во земјата на потекло или да се интегрираат во земјата на престој. Во овој контекст државниот секретар при министерството за труд и социјална политика говореше и за Стратегијата за интеграција на бегалци и странци која ја имаме како држава и е основа за развој на Национален акционен план за интеграција на бегалци и странци и во кој документ се содржани сите спроведени активности со раселените лица од Косово.  

Еден од заклучоците од работниот состанок беше дека меѓуинституционалната иницијатива за трајни решенија за раселените лица од Косово ќе резултира со конкретни чекори и активности кои ќе бидат преземени во наредниот период кои ќе вродат со решенија кои ќе значат јасна иднина за раселените лица од Косово. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }