Ибрахими се обрати на регионалниот проект: “Платформа за вработување и социјални прашања” 

Заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, денес се обрати на  конференцијата за отпочнување на регионалниот проект „Платформа за вработување и социјални прашања“ којашто ќе се одржува  во Сараево, Босна и Херцеговина.  

Конференцијата е заеднички организирана од страна на Регионалниот совет за соработка и Меѓународната организација на трудот, со поддршка на Генералниот директорат за вработување, социјални прашања и инклузија на Европската комисија. Во делот на организираната панел дискусија Ибрахими се осврна на вработувањето на млади лица како  главен предизвик и значајна можност за иднината на земјите од Западен Балкан и  подобро управување со пазарот на труд   притоа претставувајќи ги македонските искуства. Една од целите на конференцијата е да ги собере  на едно место претставниците на ресорните министерства од шесте економии на Западниот Балкан за да се дискутираат приоритетните прашања за политиките поврзани со вработувањето и пазарите на труд во земјите на Западен Балкан. На конференцијата детално ќе се дискутира работниот план и координацијата на проектните активности  во 2016 година.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }