Спасов: Создаваме услови за подобар живот на лицата со интелектуална попреченост

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов денес беа во посета на станбена единица наменета за згрижување на лицата со умерена и со тешка интелектуална попреченост која работи во рамки на Центар за помош на лица со ментален хендикеп „Порака – Неготино“ од Неготино.

“Организираното живеење во вакви заедници во каква што присуствуваме денеска влијае во голема мера за подигнување на степенот на самостојност, на развој на лицата кои што се згрижени во ваквите станбени единици, на лицата со умерена и со тешка интелектуална попреченост. Влијае за подобрување на нивната социјализација и интеграција, за нивното учество во општествениот живот, нивниот личен развој. Токму заради тоа, процесот на деинституционализација, односно згрижување на лицата со умерена и со тешка интелектуална попреченост во мали станбени единици мора да продолжи. Наместо нивното згрижување во институции од затворен систем Министерството за труд и социјална политика во соработка со граѓанскиот сектор со невладините организации изминатиот период се труди што е можно поголем број на лица со попреченост да бидат згрижени во мали станбени единици каде што за нив се грижи високо обучен кадар, квалитетен кадар, социјални работници, дефектолози, негуватели итн, кои што им пружаат навистина одлични услови за живот и влијаат за подобрување на нивниот живот” рече Спасов.

Во малата станбена единица, што денес ја посетија Спасов и Апостолов се згрижени пет лица со интелектуална попреченост.  Вкупно на територијата на Република Македонија 76 лица се згрижени во 16 вакви единици, сместени во Неготино и во село Волково-Скопје

“Тие  се задоволни од организацијата на нивниот живот и токму тоа не мотивира да продолжиме и понатаму со овој процес на деинституционализација. Досега, финансиски поддржуваме вкупно 76 лица да бидат згрижени во ваква форма на организирано живеење со 24 часовна поддршка во вакви заедници кои што се и најблиски со семејните. За овие намени Министерството за труд и социјална политика на годишно ниво издвојува вкупно 16 милиони и 500 илјади денари со кои што го финансираме процесот на деинституционализација. Набрзо ќе биде објавен јавен повик за отворање на уште една станбена единица, додека пак продолжуваме со реализација на Акцискиот план на Министерството за труд и социјална политика за во наредните четири години да го дуплираме бројот на корисници во мали станбени единици, односно да го продолжиме процесот на  деинституционализација кој што е вистински пример за непосредна, директна грижа и подобрување на животот на лицата со интелектуална попреченост кој што немаат каде да живеат или немаат соодветна грижа во нивните домови, преку оваа форма на згрижување да им се подобрат условите за живот и да им се овозможи квалитетен живот” изјави тој.

Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов нагласи дека Општината има континуирана соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Претседателката и координаторката на Центарот за ментална помош на лица со ментален хендикеп „Порака – Неготино“ од Неготино, Гордана Трајковска напомена дека овој Центар веќе 6 години наназад успешно го имплементира процесот на деинституционализација на лицата со попреченост, односно со ментален хендикеп во Република Македонија. Според неа клуч на успешноста во нивната работа е соработката што тие ја имаат со Минитерството за труд и социјална политика и Центрите за социјална работа.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }