Демант на прилогот под наслов “Новите министри денес одмораат – Еден ден на работа, три дена одмор”, емитуван на ТВ 21, на 2 јуни 2017 година од новинарот Арбана Ќерими

Почитувани,

Министерствтото за труд и социјална политика ги демантира наводите изнесени во прилогот под наслов “Новите министри денес одмораат – Еден ден на работа, три дена одмор”, емитуван на ТВ 21, на 2 јуни 2017 година од новинарот Арбана Ќерими и бара истиот да биде објавен согласно со Закон.

Имено, не само што не се точни наводите дека Министерството за труд и социјална политика политика не работеше и дека Министерката за  труд и социјална политика Мила Царовска не била на работа туку и се снима лице од обезбедувањето на МВР кое не е овластено да дава официјални изјави во име на Министерството за труд и социјална политика. Ве замолуваме во иднина да ги контактирате официјалните лица кои ви стојат на располагање. Наша цел е Министерство за труд и социјалн политика да биде отворено и да има партнерски однос, како со граѓаните, така и со медиумите.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на 2 јуни (петок) 2017 година беше на своето работно место заедно со уште десетина други вработени кои не се од христијанска вероисповед. Оние на кои согласно со Законот за празниците на РМ не им следуваше слободен ден и не се појавија на своето работно место и притоа не пријавиле отсуство ќе им се запише како ден за непријавено отсуство согласно со Закон за административни работници според кој имаат право на три (3) вакви дена и потоа следуваат мерки согласно со истиот Закон.  

Со почит, 

Министерство за труд и социјална политика  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }