МТСП: Се врши реконструкција на депандансот на “Специјалниот Завод- Демир Капија” кој се наоѓа во атарот на село Ергеле

Министерството за труд и социјална политика ги отфрла сите шпекулации кои внесоа одредена вознемиреност кај населението на територијата на општина Демир Капија како дезинформации бидејќи ниту се гради ниту пак ќе се гради бегалски камп или нешто слично во овој регион. 

Министерството за труд и социјална политика најодговорно потврдува дека се врши реконструкција на “Специјалниот Завод- Демир Капија” која се однесува на депандансот кој се наоѓа во атарот на село Ергеле. За оваа активност финансиер е Меѓународната организација за миграции која единствено треба за потребите на Министерството за труд и социјална политика да изврши реконструкција на постојните објекти исто како што претходно за потребите на Министерството за здравство спроведе и реконструкција на болниците во Гевгелија и Куманово. 

За да им ставиме крај на ваквите неодговорни шпекулации коишто најмногу кружат преку социјалните медиуми, сакаме да потврдиме дека “Специјалниот Завод- Демир Капија” е составен дел од мрежата на јавни установи чија што единствена намена е сместување и заштита на лица од ранливи категории. Ова значи дека истиот е невозможно да дава друг тип на услуги освен оние за кои согласно со Законот за социјална заштита е формиран и согласно тој Закон е прецизно наведено за кои лица е наменет.

Воедно уште еднаш би сакале да го потенцираме ставот на Република Македонија која се декларираше како транзитна земја за мигранти и согласно со таквата политика во моментот на територија на Република Македонија има вкупно 25 лица во двата прифатни транзитни центри во Гевгелија и Табановце и 11 лица баратели на азил сместени во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во с.Визбегово-Скопје. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }