Работен состанок за овозможување на донирањето на вишоците храна во Република Македонија  

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска оствари работен состанок со министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, со претставници на граѓанската коалиција за овозможување на донирањето на вишоците на храна „Ајде Македонија“, „Македонска платформа за борба против сиромаштија“, „Ретвитни оброк и Вистински дела на љубезност“, претставник на Агенцијата за храна и ветеринарство и директорот на Националниот демократски институт Крис Хеншоу.  

На состанокот претставниците на граѓанската коалиција  ги презентираат наодите од анализата со која се утврдува колку граѓани во Македонија имаат проблем да обезбедат храна и колку од друга страна се фрла храна. Анализата утврдила дека околу 445.000 граѓани имат проблем да озбезбедат храна и во просек имаат по еден оброк во денот, а се фрла помеѓу 4.500 и 6.500 тони на храна со вредност помеѓу 8 и 11,6 милиони евра, која има потенцијал да нахрани околу 13.000 граѓани со по 3 оброка дневно.

Причината за фрлање на храната лежи во неколкуте законски пречки како што се одговорност од несакани последици, но и даночните проблеми при што беше побарано да се воведе едноставна процедура за даночни поттикнувања за оние кои ја донираат храната, да се изготви владина програма за поддршка на граѓанските организации кои би ја дистрибуирале храната, да се направи список на храна која може да се донира по поминувањето на нејзиниот рок, итн.

Владините претставници изразија задоволство од иницијативата која ја водат граѓанските организации при што се искажа волја да се преземат мерки за надминување на моменталните состојби.

За таа цел се договори во идниот период да се формира работна група од претставници на институциите и граѓанските организации за да се операционализираат мерки кои би го овозможиле донирањето на вишоците храна и би се помогнало на илјадници социјално загрозени граѓани.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }