Средба на Царовска со амбасадорот Тимоние

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Кристијан Тимоние.

На средбата се разговараше за заедничките приоритетите што ги поврзуваат двете држави. Притоа се стави акцент на идната соработка во областа на социјалната заштита, се разменија искуства и се изрази подготвеност за взамена поддршка помеѓу институциите на двете земји. 

Една од приоритетните теми беше темата за еднаквите можности со посебен фокус на обезбедување на заштита и поддршка на жените жртви на родово базирано насилство. Притоа министерката Царовска и амбасадорот Тимоние се согаслија дека од исклучителна важност и значење е да се соработува со женските невладини организации кои обезбедуваат ваков тип на услуги. 

Исто така, на средбата беше изразена надеж дека соработката која што ќе се одвива во периодот што следи ќе биде соработка која што ќе го отвора европскиот пат на Република Македонија чија крајна цел е што поскоро да биде и дел од европското семејство.                                           

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }