Конференција за можностите за вработување лица со инвалидност

Државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика Муедин Кахвеџи учествуваше на меѓународната конференција „Законски рамки и практики за вработување на лицата со инвалидност“ во организација на Националното координативно тело за еднакви права на лица со инвалидност во Република Македонија.

Конференцијата имаше за цел размена на искуства и добри практики поврзани со можностите за вработување на лицата со инвалидност, од гледиштата на владини претставници, национални експерти и НВО секторот од државите во регионот. 

Бранимир Јовановски, претседател на Националното координативно тело за еднакви права на лица со инвалидност во Република Македонија посочи дека оваа ранлива категорија на граѓани и во добри економски услови има проблем со вработување, со наоѓање и задржување на работните места. 

Државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Муедин Кахвеџи потсети на значајниот проект за вработување на вкупно 300 лица со инвалидност во јавните и државните институции, согласно нивниот вид и степен на попреченост, образование и квалификација. 

- Во рамки на Оперативниот план на активни мерки и политики за вработување за 2014 предвидуваме мерка за субвенционирано вработување на инвалидни лица кои треба да го поттикнат вработувањето кај оваа категорија, односно нивно полесно интегрирање на пазарот на трудот, рече Кахвеџи. Нагласи дека Владата и МТСП и во наредниот период ќе продолжат преку различни мерки и активности да го подобруваат вработувањето на лицата со инвалидност. 

На конференцијата беа пренесени искуствата од Австрија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора и БиХ. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }