Објавени две мерки за субвенционирано вработување на невработени лица

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија информираа дека Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија продолжуваат со реализација на активните мерки за вработување преку коишто се зголемуваат можностите за врaботувања на лицата коишто потешко се вработуваат, но и значително го стимулираат приватниот сектор да отвораат нови работни места и да вработуваат невработени граѓани кои потешко доаѓаат до работа.

Од денеска активни се два огласи, за невработените лица и за работодавачите од приватниот сектор и тоа за мерката: субвенционирање за вработување и субвенционирање за вработување на деца без родители.

Министерот Спасов информираше дека: “Мерката за субвенционирање на вработување е наменета за евидентирани невработени лица активни баратели на работа , со особен приоритет за: долгорочно  невработени лица (5 години и повеќе); возрасни лица од  50 до 59 години; за ранливи групи на граѓани; и секако за млади лица до 29 годишна возраст.  Со оваа мерка  се предвидува субвенционирање на вработување преку финансиска поддршка за секое вработено лице од овие категории , при што државата ќе субвенционира  износ од 13.000,00 денари месечно за период од 6 месеци.  Работодавачот има обврска лицето да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци (вкупно 18 месеци) или на негово место да вработи друго невработено лице од евиденцијата на невработени лица на АВРМ, при што приоритет ќе имаат лицата од истата целна група”.  

За лицата од ранливите групи, односно, лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот како што се: жртви на семејно насилство; деца без родители и родителска грижа; бездомни лица;  поранешни корисници на дрога; родители на деца на улица; самохрани родители; Роми; жртви на трговија со луѓе; осудено лице по отпуштање од казнено поправна установа, ќе се обезбеди  субвенција, односно, финансиска поддршка за вработување   во износ од 17.000 денари по лице месечно, од кои 3.000 како надомест за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес и 14 000 денари за плата.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов информираше и под кои услови може да конкурираат работодавачите за овие субвенции. 

“Работодавачите може да конкурираат доколку: 

·не го намалиле вкупниот број на вработените лица, 6 (шест) месеци пред објавување на Јавниот оглас, освен во случај кога намалувањето на бројот бил поради истек на определено време, пензионирање и случај на смрт

· Работодавачот не може да ги вработи со субвенционирање лицата што ги отпуштил пред објавување на Јавниот оглас;

· Работодавачот не може да ги вработи како замена, лицата кои што претходно ги отпуштил од работа;

· Работодавачот при пријавувањето должен е да ги има измирено сите даноци и придонеси пред објавувањето на Јавниот оглас”. 

Спасов рече дека годишниот буџет за реализација на оваа мерка изнесува 47.520.000.00 денари и потенцираше дека оваа мерка е навистина успешна и значително ги зголемува можностите за вработување на невработените лица, овозможува побрзо и полесно вработување и надминување на предизвикот на нашите граѓани кои подолго време се без работа или пак активно бараат работа, но исто така значи голема поддршка за приватните и домашните компании. 

“Досега само преку мерката за субвенционирање на вработување изминатите неколку години се вработени над 4800 лица што е доволен показател за успешноста на мерката и можностите кои ги нуди истата. Сакам да ги поттикнам сите невработени лица кои бараат работа но и приватните компании особено домашните, да ги искористат овие можности и да аплицираат на јавните огласи кои се објавуваат денес”, рече Спасов. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }