Доделени првите грантови за самовработување на лица со инвалидност

На 30 лица со инвалидност им беа доделени грантови од 5000 евра за отпочнување на свој сопствен бизнис. Според проектот на Владата се отчекува до средината на месец јуни и останатите 70 лица кои имаат влезено во процесот на квалификации и имаа добри бизнис планови да ги добијат неповратните средства. Договорите денеска за првите грантови за самовработување за лицата со инвалидност им ги додели министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

-Секој човек има свои способности, свои знаења и свои умеења и лицата со инвалидност имаат свои способности, свои вештини. Со овој грант за самовработување ние ја поттикнуваме нивната креативност, им помагаме да го реализираат својот сон, да се самовработат, да формираат свој сопствен бизнис и да имаат редовни средства за своја лична егзистенција, рече Спасов.

По отворањето на сопствен бизнис лицата со инвалидност ќе можат да вработуваат и нови лица, а со неповратните средства од 5000 евра ќе можат да набават опрема и репроматеријали.

-Грант од 5000 евра ќе добие секое лице со инвалидност кој што го има поминато процесот на неколку месечна обука и изработка на бизнис план. Сите оние кои што имаат потреба од дополнително вработување  ќе добијат плус 92 илјади денари за секое ново отворени работно место, до 2 новоотворени работни места. Грантот може да се движи во вкупен износ од 480.000 денари што е една солидна сума за да се започне со реализација на било која бизнис идеја, за формирање  на мала компанија или мал бизнис, рече Спасов.

За реализација на овој проект Владата на Р. Македонија обезбеди 50 милиони денари за финансирање на 100 нови компании за 100 лица со инвалидност и за финансирање на околу 200 нови работни места. За 2016 година со овој проект се очекува  да бидат отворени нови 300 работни места во Р. Македонија. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }