Ќе се отворат  три приватни старски домови

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на тројца инвеститори, кои веќе имаат започнато инвестициски активности за отворање три приватни домови за стари лица, им ги додели одлуките од Владата на Република Македонија за давање одобрување за основање вакви домови.  

“Доделени се одлуките на Владата за одобрување на основање на приватен дом за стари лица. Овие постапки беа закочени повеќе од три и пол месеци а веднаш по повторното враќање на чело на Министертвото за труд и социјална политика, интервениравме, ги лоциравме предметите и експресно на првата седница Владата ги донесе одлуките за издавање дозвола за основање на три приватни домови за стари лица” рече Спасов.

Тој додаде дека станува збор за тројца инвеститори кои имаат инвестирано одредени средства, а кои претрпеле одредена штета бидејќи чекале поради кочењето од страна на техничката министерка Ременски.

Спасов потенцира дека меѓу другото, овие институции ќе донесат и отворање на нови работни позиции.

“Хаосот запира постапките се откочени. Овие институции набрзо ќе почнат да функционираат. Ќе бидат овозможени 120 легла а воедно ќе бидат отворени и минимум нови 40 работни места” подвлече Спасов.

Петар Старделов еден од инвеститорите на приватен старски дом истакна дека неговиот објект е готов и подготвен за почеток.

"Но со оглед на околностите досега не бевме во можност да добиеме техничка документација за да почнеме со работа. Со брзата интервенија во Владата се надеваме дека брзо ќе започнеме со работа” рече тој. Додаде дека капацитетот на домот што тој го отвора има најмалку 40 легла и најмалку 12 вработени на почеток, со можност, како што рече, да се прошират дополнително

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }