Нова детска градинка во општина Јегуновце

Во општина Јегуновце денеска е отворена нова градинка во која ќе може да се сместат педесетина деца. Објектот се протега на површина од околу 200 метри квадратни, а за него се инвестирани околу 5 милиони денари. Станува збор за објект кој е готов веќе шест месеци, но поради кочење на процедурите од страна на поранешната министерка Ременски од СДСМ, досега не беше отворен.

Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов се работи за кочење на процедурите поради немање волја.

“Процедурите се кочеа, но кога се има волја, се може да се заврши, така што сега за три дена Општината свика совет и ги завршивме процедурите. Од утре децата од стариот објект може да се префрлат во новата градинка”, рече Спасов, потенцирајќи дека родителите неколкупати досега апелирале до поранешната техничка министерка за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски да се отвори градинката.

Досега се отворени 46 градинки, а само годинава четири. Министерот Спасов очекува дека до крајот на годината ќе бидат отворени 12 до 13 градинки со што ќе се надмине планираниот годишен план од десет градинки.

Тој нагласи дека со отворањето на градинките расте и процентот на деца кои се згрижуваат па така, за разлика од порано кога во градинките се запишувале околу 15.000 деца, сега се згрижуваат околу 40.000 деца.

“Процентот од година во година расте. Така, процентот кај деца од нула до шест година во 2006 година беше околу 9, а сега е околу 26 проценти. Кај децата од три до 6 години процентот во 2006 година беше околу 12, а сега е над 38 проценти”истакна Спасов, додавајќи дека “интенцијата на Министерството е да се градат градинки не само во големите градови, туку и во руралните средини, бидејќи има потреба од нив со отворањето на нови работни места за родителите”рече Спасов.

Во општина Јегуновце покрај новоотворената градинка се планира уште еден објект да се преадаптира за згрижување деца од предучилишна возраст во Прељубиште и да се преадаптира интернатот во Вратница.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }