Проектите за подобрување на животот на граѓаните продолжуваат

Во општина Илинден денеска се отвори нов објект во рамки на градинката „Гоце Делчев“, со капацитет за 170 дечиња. Инвестицијата, како што посочи министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, е 17 милиони денари. На отворањето на градинката, освен министерот Спасов, присуствуваше и градоначалникот Жика Стојновски и бројни граѓани од општината.

„Овој проект ќе им помогне на 170 семејства од утре да можат своите деца да ги сместат во градинка со модерни услови. Со ова продолжува проектот на Владата на РМ за изградба на градинки во сите општини каде што има потреба. И понатаму продолжуваме со заложбата за остварување на проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните и детската заштита, за корисниците на пензии, за социјално ранливите категории на граѓани, за поддршка на македонските компании и нивна стимулација, како и за создавање на нови мали бизниси“посочи министерот Спасов.

Градоначалникот Стојановски истакна дека изградени се нови седум занимални а во новите простории се вградени два вида инсталации на греење и ладење.  Првата е греење на алтернативни обновливи извори со користење на температурата на подземните води и вториот сисем е со користење на пелети.

Објектот е целосно енергетски ефикасен.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }