Во Софија: Меѓународна министерска конференција “Соочување со демографските предизвици во земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа”

Вчера и денеска (12 и 13 мај 2016 година), во Софија, Република Бугарија, се одржува Меѓународна министерска конференција: “Соочување со демографските предизвици во земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа” која што е организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика во партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, а под покровителство на бугарското претседателство со канцеларијата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Свое учество на министерката конференција зеде и министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски која говорејќи на темата рече дека во последните децении, Република Македонија се соочува со бројни социо-економски и политички предизвици кои имаат влијание врз демографските трендови на населението.

Структурата на населението по возраст е еден од најважните аспекти на населението, кои влијаат врз  неговиот развој и на можностите за вкупниот развој на населението и во однос на старосната структура Република Македонија не е исклучок од светските и регионални трендови, а тоа е население кое сè повеќе старее, односно старото население е во пораст. Со надминување на границата од 12% на старо население Република Македонија влегува во групата на земји кои демографски се карактеризираат како земји со старо население.

Во рамките на Конференцијата беше усвоена и заедничка Декларација на министрите надлежни за труд и социјална политика на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа на Меѓународната конференција “Соочување со демографските предизвици во земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа”.                                            

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }