Започнаа обуките за дефицитарни занимања

Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, го посети Центарот за обука при Сојуз на стопански комори каде се врши обука за дефицитарни занимања што Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија ја најавија пред два месеци. Оваа обука е така конципирана да преку истата се градат вештините и знаењата кај невработените лица и тоа токму тие кои што ги побаруваат работодавачите.

“На тој начин се врши полесно поврзување на понудата со побарувачката на пазарот на труд и се зголемува и подобрува вработливоста на невработените лица. По четиримесечната обука која што ја посетуваат невработените лица добиваат сертификат со што им се зголемуваат шансите побрзо и полесно да дојдат до своето работно место. Во оваа прва фаза на реализација на обуката за дефицитарни занимања на пазарот на труд веќе учествуваат 225 невработени лица и за 20 различни видови на обуки кај 15 сертифицирани приватни обучувачи. До крајот на годината очекуваме обуката да ја посетат вкупно 640 невработени лица и за реализација на истата се обезбедени средства во износ од 35 милиони денари при што обучувачите добиваат износ од 30.000 денари за да ја реализираат целосно обуката, во која што влегува и пракса, односно еден до два месеци пракса во реални работни услови, додека пак невработените лица кои што учествуваат во самата обука добиваат 6.200 денари надоместок за покривање на трошоците за храна, превоз и осигурување” рече Спасов и посочи дека постои голем интерес кај невработените лица, бидејќи, како што посочи, само на првиот повик годинава се јавиле над 950 лица.

Во Центарот за обука во седиштето на Сојузот на Стопански комори во моментов се спроведува обука за рецепционери. Вкупно 10 лица, ги поминуваат обуките, а како што беше најавено понатаму ќе се прошират обуките и со верификуваната програма на Сојузот за обука за готвачи.

“Сојузот на стопански комори е еден од овластените т.н. приватни провајдери за спроведување на овие обуки, односно согласно мерките за потребите на пазарот на трудот од дефицитарни занимања. Во моментов спроведуваме обука за рецепционер, односно продуцираме кадар за областа на туризмот. Ова е врз основа на информација на нашите членки од областа на туристичката комора каде што евидентно е дека постои дефицит од ваков кадар. Ние исто освен рецепционери сме акредитирани и верификувани да обавуваме обуки и за соработник во Туристичка Агенција и Готвач “рече извршниот директор на Сојузот на Стопански комори, Митко Алексов.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }