Ибрахими најави зголемување на минималната плата за околу 20 отсто

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими на Денот на трудот оствари работна средба со претставници на репрезентативните синдикати во Македонија на која разговараа за можноста за покачување на минималната плата за околу 20 отсто.

Тој посочи дека станува збор за првични разговори меѓу претставниците на синдикатот и Министерството и дека за да се оствари ова ќе мора и Законот за минимална плата да претрпи измени. 

“Она што првично утврдивме е дека има простор, има желба за зголемување на минималната плата и верувам дека во брзо време во дополнителните разговори со другите претставници на синдикатите, со КСС, со работодавачите, ќе најдеме заеднички модус, заедничко решение за зголемување на минималната плата за околу 20 проценти. Анализите кои беа направени од Министерството за труд и социјална политика и од Сојузот на синдикатите на Македонија се поклопуваат”, рече министерот за труд  и социјална политика Ибрахим Ибрахими.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски рече дека анализите покажуваат дека има простор и можност да се продолжи оваа политика на зголемување на плати која ја реализираат заедно со социјалните партнери, со Владата.

“Исто така, овие анализи и сега покажуваат дека во најмала мерка 20 отсто може да оди веднаш зголемувањето на минималната плата. Тоа е една исклучителна радосна и значајна вест која сакаме да ја споделиме со нашето членство и со сите работници. Станува збор за многу сериозен одговорен пристап на сите социјални партнери и на Владата во делот на задоволување и на потребите, водејќи сметка и за реалните можности и на одделни сектори и сегменти кои може да рефлектираат и во делот на подобрувањето на таа социјална економска состојба”, рече Митревски. 

Оценката е дека овие првични разговори завршија успешно, но и дека следат други чекори, разговори со другите социјални партнери, со работодавачите, со другите синдикати, со цел Владата да излезе со предлог во делот на измени и дополнувања на тој закон.

На средбата се разговараше и за другите делови од протоколот за социјален напредок, она што значи сигурност на работни места во делот на обезбедување поголема сигурност преку афирмацијата на пристапот за реализација на посигурни работни места, односно работен однос на неопределено работно време.

Исто така, социјалните партнери разговараа и во иднина ќе продолжат да разговараат за имплементирање на деловите од европскиот социјален модел. Република Македонија направи низа напори досега заедно со Министерството за труд и социјална политика да инкорпорира голем дел директиви од европското законодавство и да имплементира многу меѓународни стандарди. Сето ова вклучително и со платите и сите содржини од протоколот даваат можност да се почне етапно со подготовка за реализација на она што значи принцип на европскиот социјален модел.   

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }