Целосно реконструиран Домот за стари лица ЈОУ “Сју Рајдер” во Битола


Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заменик министерот за локална самоуправа, Ѓоргија Сајкоски и градоначалникот на општина Битола, Владимир Талевски го отворија комплетно реконструираниот Дом за стари лица ЈОУ “Сју Рајдер” во Битола.

На отворањето министерот Спасов рече дека Владата на Република Македонија води политика која што нуди решенија за проблемите на старите лица, насочувајќи ги своите активности кон подобрување на социјалната и економската положба на старите лица и токму за таа цел во 2010 година ја усвои „Национална стратегија за стари лица 2010-2020“ во рамките на којашто е предвидено и зајакнувањето на институционалната и вонинстуционалната заштита на старите лица.

“Високиот процент на старо население и неговата потреба за креативно и осмислено исполнување на слободното време претставуваат реална потврда на потребата за создавање на подобри услови за нивен престој, конкретно во овој дом за стари лица ,,Сју Рајдер,,  за чијашто изградба и реконструкција беа одвоени 850 000,00 EUR, од кои 672 000,00EUR обезбедени од Министерството за Локална Самоуправа преку  ИПА 2 и 178 000,00  EUR обезбедени од Општина Битола”, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и продолжи: 

“Би сакал да потенцирам дека новиот  објект  располага  со  25% поголем капацитет во споредба со капацитетот на срушениот објект. Објектот се состои од  два павиљони  и тоа: павиљон 1 за сместување на корисници кои се подвижни и павиљон 2 за корисници на кои им е потребна дополнителна нега (неподвижни).  Корисниците ќе бидат сместени по двајца во една просторија. Исто така, реконструирани се кујната, пералната, магацинскиот простор и административната зграда, а се обезбедија   и дополнителни простории коишто на корисниците ќе им овозможат пријатно домување како што се: лифт, соба за дневен престој– занимална, соба за работна терапија, соба за физиотерапија, соба за фризерски и берберски услуги. Набавени се и нови душеци, кревети, шкафчиња. Со изградбата на новиот  Дом се исполнија сите нормативи и стандарди во согласност со Правилникот за основање и отпочнување со работа на установите за социјална заштита на старите лица”. 

Министерот за труд  социјална политика, Диме Спасов потенцираше: “Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика и понатаму ќе продолжат да бидат поддршка на старите лица преку разни форми како што  е подобрување на нивните услови за престој, подобрување на целокупниот нивен живот, но и натаму ќе продолжиме како и досега да им ја обезбедуваме и потребната  социјалната заштита”.

Во моментот во Домот се згрижени 150 корисници  на коишто им се нуди: сместување, исхрана, хигиена, здраствена заштита и нега, социјална заштита, културно забавни и рекреативни активности и работно окупациона терапија. 

Инаку, во Република Македонија постојат четири јавни домови за стари лица и 15 приватни домови, од кои 14 се лоцирани на територија на Град Скопје, а само еден во Неготино. Од тука се јавува потребата за проширување на капацитетите за сместување и во другите Општини во Република Македонија и во таа насока Владата на Република Македонија донесе сет на мерки за поттикнување  на инвестиции во делот на отворање на домови за стари лица како што се: продажба на  градежното земјиште со почетна цена од 1 евро за м? со намена за изградба на установи за социјална заштита на стари лица; намалување на цената на комуналните такси за 95%; обезбедување на поволни кредитни линии  преку Македонската банка за поддршка на развојот за изградба на установи за стари лица.

Воедно, Владата побара од Општините да посочат објекти коишто може да се дадат под долготраен закуп или да се понудат за јавно –приватно партнерство со намена за отворање на домови за стари лица, а обезбедена е и законска можност странски  државјани  да ги користат домашните капацитети за згрижување, односно да регулираат престој по основа згрижување во дом за стари лица.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }