Се овозможува бесплатен превоз за потполно глувите лица и лица со интелектуална попреченост           


Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески одржаа заедничка пресконференција на која информираа за новите измени во Законот за патен сообраќај.
 

“Вистинската интеграција на лицата со инвалидитет во севкупното живеење започнува со тоа што им се овозможуваат услови за непречена комуникација и движење. Министерството за труд и социјална политика со партнерите од невладиниот и граѓански сектор и другите институции, постојано осмислува концепти за  поволности на лицата со инвалидност. Во контекст на кажаното би ги навел новововедениот надоместок за глувост за потполно глувите лица, новата парична помош за лица со квадриплегија, зголемувањето за 50 проценти на додатокот за  самохрани родители со деца со пречки во развојот, чија реализација е во тек, и со кој сакаме да постигнеме подобра социјализација на овие наши сограѓани.  Додека пак преку проектот Обука за фармацевти за совладување на знаковниот јазик, обуките за толкувачи и голем број на други проекти за  лицата со инвалидност го олеснуваме нивниот секојдневен живот”, рече Спасов.

Поаѓајки од принципот на меѓуресорска соработка со цел креирање бенефити за лицата со инвалидност, беа направени измените во законот за патен сообраќај. Имено  до сега,  правото на повластен превоз во меѓуградскиот сообраќај , го користеа 2470 слепи лица и 348 лица со телесна инвалидност или вкупно 2818 лица кои понатаму ќе  ја користат оваа бесплатна услуга.

“Со цел да им помогнеме и на потполно глувите лица како и на лицата со тешка и длабока интелектуална попреченост, со измените во законот за патен сообраќај се овозможува бесплатен меѓуградски превоз кој што ќе го обезбедат автобуските превозници. Од сега па натаму, во соработка со Министерството за транспорт и здружението на превозници се обезбедува бесплатен превоз на оваа категорија на наши грагани  и нивни придружници.За нив се обезбедуваат 6 повратни карти во меѓуградскиот сообраќај. За остварување на оваа поволност потребно е лицата да приложат потврда за членство и возен картон издаден надлежниот национален сојуз. Би сакал да му се заблагодарам на министерот за транспорт и врски и здружението на превозници  кои помогнаа  да се реализира оваа поволност“, потенцираше Спасов.

На крајот министерот Спасов нагласи дека и во иднина  ќе се  продолжи со  превземање на  конкретни  чекори и мерки за подобрување  на животот на лицата со инвалидитет.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }