Работна посета на министерката Ташевска-Ременски на Куманово

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски при работна посета на Куманово посети неколку институции под надлежност на Министерството, како што се ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа и одделението во Липково што е во склоп на ЦСР Куманово, оствари средба со градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски, присуствуваше и на пуштање во употреба на Центар за ран детски развој, а го посети и Транзитниот прифатен центар за мигранти во Табановце

При пуштањето во во употреба на Центарот за ран детски развој во кумановската населба „Иго Тричковиќ“ министерката Ташевска -Ременски рече дека станува збор за важен проект за општината, родителите и за децата во оваа населба. Таа посочи дека поддршката за отворање дневни центри за ран детски развој од страна на УНИЦЕФ продолжува во соработка со општините и дека досега се отворени 18 дневни центри за ран детски развој. Во Центарот за ран детски развој „Сонце“ по три часа дневно ќе бидат згрижени 100 деца од оваа кумановска приградска населба. За отворање на Центарот за ран детски развој УНИЦЕФ има издвоено 900 илјади денари, а општина Куманово еден милион и 400 илјади денари.

Што се однесува до потребата за згрижување на децата од Куманово во градинките, министерката Ташевска -Ременски информираше дека на оваа тема се разговарало на средбата со градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски како и за можните идни локации за изградба и проширување на капацитетите на веќе посстоечките објекти.

“На работната средба што ја имавме претходно со градоначалникот, инициравме неколку проекти коишто треба да започнат како инвестициски и коинвестициски проекти помеѓу општината Куманово и Министерството за труд и социјална политика по однос на определување на локации, донесувањее на одлуки од страна на советот на општината Куманово за доделување на простор за изградба на градинка и ослободување на дел од средствата за плаќање на комуналии со што би можеле општината Куманово и Министерството да се јават како инвеститори во изградба на нови детски градинки за да може да се обезбеди сместувачкиот капацитет за потребите на родителите коишто го имаат во општината Куманово”, изјави министерката Ременски.

Oпштината веќе има лоцирано три локации за изградба на нова детска градинка, a не се исклучува и можноста за реновирање на постоечките градинки. Кумановската градинка „Ангел Шајче“, според министерката, заслужува простор бидејќи ги почитувала нормативите и стандардите.

“Ги охрабруваме сите општини во Република Македонија да определат локации и да произнесат барања и желба за изградба на нови капацитети за сместување на децата меѓутоа и за отворање на вакви центри за ран детски развој коишто ќе обезбедат многу поголема грижа за децата меѓутоа ќе остават простор и на родителите за планирање на времето додека се на работа или во извршување на домашните обврски. Инклузијата на децата во предучилишните установи е од голема важност за развојот на децата за јакнење на нивните капацитети за подготвување на фазата во вклучување на образовниот процес затоа што и европските и светските стандарди покажуваат дека децата коишто посетувале дневен центар во различна форма или пак установи за предучилишно образование и сместување секогаш покажувале поголеми и подобри резултати во образовниот процес во основно образование”, рече Ташевска -Ременски.

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски го посета и прифатниот центар Табановце при што изрази надеж дека состојбите со бегалците и мигрантите ќе се решаваат на начин на кој ќе биде одлучено и на денешниот самит и во координација со институциите кои се задолжени за регулирање на активностите во прифатните центри и во Табановце и во Винојуг.

Според неа примарен акцент во идните активности што треба да бидат преземени во соработка со сите субјекти во транзитните центри  е обидот да се направи поделба во бројната состојба помеѓу прифатниот центар Табановце и прифатниот центар Винојуг- Гевгелија за да може да се растовари притисокот на Табановце, а да се обезбедат похумани услови за сместување на лицата во тразнитните центри.

“Доброволноста, моментно е слаба, а деновиве 20-тина лица прифатиле да бидат сместени во транзитниот центар Винојуг. Оваа бројка сигнализира дека е неопходно активирање на сите субјекти тука за да може да се растовари притисокот во Табановце без притоа некој да биде приморан да мигрира кон југ, без да му биде обезбедна гаранција дека ќе биде сместен и дека ќе ги добие истите услови” – рече Ташевска-Ременски.

Министерството за труд и социјална политика во координација со Црвениот Крст, деновиве ќе се јави како носечки субјект во набавка на топлите оброци за лицата во транзитните центри.

“Користиме грант од Европската банка за обнова и развој по однос на набавка на храна за цела 2016-та година, така што во голем дел товарот за снабдување со основни и потребни намирници за храна за лицата во транзитните центри ќе ја преземе Министерството за труд и социјална политика без притоа да ги исклучиме сите останати невладини организации кои што донираат храна и се нашле во најтешките моменти, за луѓето кои обезбедуваат грижа за лицата во тразнитните центри”, изјави министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски.

Таа им се заблагодари на донаторите за кои рече дека дневно интеревенираат и овозможуваат услови и средства за сместување на лицата во кампот, како и на невладините организации во процесот, во регулирање на бегаласката криза и грижата за ранливите категории, децата, жените, старите,  на оние на кои им е неопходна помош. Посочи, дека тие во клучните моменти беа први на браникот на оваа криза, наспроти реакцијата на државата која што беше малку задоцнета во овој дел, така што редно е државните институции да преземат поголем дел од одговорноста за ситуациите во прифатните центри за што таа и се залага.

Подвлече дека имаат постојана комуникација со сите субјетки во Табановце на дневна основа и наведе оти капацитетот е веќе надминат со околу 1.400 лица, кои добиваат потребна грижа во однос на храна, топол оброк, да имаат услови за оддржување лична хигиена, неоходна медицинска помош.

Министерката Ташевска-Ременски информираше дека на  средба со градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски се договориле за поголем инфраструктурен проект за канализација благодарение на донации од меѓународни организации кој ќе се однесува на селото Табановце и на центарот. Со проектот, смета таа, се обезбедува внимание и грижа не само за прифатниот центар, туку и за месното население, за кое рече дека дека покажале хуманост и солидарност, со маката на бегалците и дека општината,  институциите и државата треба да има слух за нивните потреби.

Од вработените во прифатниот ценатар, како  и од координаторот на Центарот, Горан Стојановски, министерката беше информирана дека МТСП со невладините организации и Црвениот крст на бегалците им делат оброци пет пати на ден, а здравствената заштита  функционира добро во соработка со Црвен крст и Медицинскиот центар од Куманово каде што на дневна основа се транспортирааат бегалци до медицинскиот центар и до клиниката во Скопје. Најчесто станува збор за репираторни заболувања бидејќи бегалците предолго беа на отворено, а има и со посериозни заболувања и хронични здравствени проблеми. Во моментов 952 бегалци се сместени на центарот во Табановце и 362 се на граничниот камен помеѓу Република Македонија и Србија.

Министерката за труд и социјалнаполитика д-р Фросина Ташевска-Ременски ја посети Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово, како и одделението во Липково што е во склоп на ЦСР Куманово при што на средбите со првите луѓе и со вработените беше информирана за нивните тековни активност, но и потреби со кои се соочуваат.               

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }