Ташевска-Ременски во работна посета на институциите под капа на министерството во Струмица 

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска- Ременски оствари работна посета на Струмица при што ги посети Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост,       Центарот за социјална работа Струмица, пензионерите што ја користат услугата Бањско-климатска рекреација во хотел Цар Самоил во село Банско,  Јавната установа Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско„-Струмица и ЈОУДГ “Детска радост”. 

Во Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост министерката Ташевска-Ременси разговараше со вработените за нивните секојдневни потреби и за потребите на лицата што ги користат услугите на Дневниот Центар. Министерката посочи дека е потребно кадровско вложување и материјално во покривање на трошоците за превоз на лицата со посебни потреби за зголемување на нивниот број во Дневните центри.

При посетата на Центарот за социјална работа Струмица, освен што оствари средба со в.д. директорот Зоран Манев поразговара и со вработените информирајќи се за нивните потреби во извршувањето на работните задачи. 

На средбата со пензионерите коишто ја користат услугата Бањско-климатска рекреација во “Бања Банско” сместени во “Цар Самоил”, министерката им порача дека се залага за вистинска и реална грижа за старите лица:

“Кога зборуваме за реална грижа за пензионерите мислиме и враќање на годишното усогласување на пензиите со растот на трошоците на живот како што беше до пред 3 години кога се правеше двапати во годината, во јануари и во јуни. Од пред 3 години имаме номинално зголемување на пензиите, односно целата маса на пензии за 5 % и линерано исплата на покачување на пензијата од 500 денари што сметаме дека не е согласно со принципот на еднаквост по однос на висината на корисниците на пензии. Планираме да го вратиме законскиот основ за двапати усоглаување во текот на годината што ќе придонесе за раст на пензиите повеќе од 600 денари. Сумата од 600 денари нема да се укине, туку ќе се оди на зголемувањето на пензиите нагоре зошто основот, трошоците за живот, се поголеми од реалното зголемување на пензиите како што е моментот”, рече министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска- Ременски.

Таа информираше и за мерата за државна социјална пензија за оние граѓани коишто не исполнуваат стаж за остварување на право на пензија или пак воопшто не биле вработени, во висина од 60% од просечната пензија. Во однос на здравствената заштита, министерската најави зголемување на висината на пензијата од 13 на 15 илајди денари, за бесплатно болничко лекување со можност на нивно лекување во јавното, но и приватното здравство преку потпишување соодветни договори за соработка. 

Министерката Ташевска-Ременски ја истакна реалната потреба за грижа и еднакви права и можности за сите пензионери. 

“Кога мислиме на реална грижа, мислиме и на принципот на недискриминација. Сите пензионери во Република Македонија мора да ги уживаат истите права. Бесплатниот превоз што го уживаат пензионерите од градот Скопје мора да биде право и на сите останати пензионери, за да се ослободат трошоците за јавен или за меѓуградски превоз во кој ќе може да го искористат правото исто како пензионерите во Скопје, рече Ташевска-Ременски.”

Министерката посебно топло беше пречекана од штитениците на Јавната установа Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско„ кои за оваа пригода и подготвија рецитал и многубројни подароци изработени од нив самите меѓу кои и слика од позната сликарка Роза Мојсовска.

Работната посета министерката Ташевска-Ременски ја заврши во ЈОУДГ “Детска радост” каде што имаше средба со директорката Тинка Маркова и со вработените при што ја информираа за потребите на градинката и за проектот “Имам право да знам што јадеше денес моето дете”, што ќе биде пионерски проект во однос на директното вклучување на родителите во реализација на проектот и обезбедувањето на храната на децата во градинките. Се разговараше и за иницијативата на Општината и на градинката за проширување на капацитетие за згрижување на поголем број на деца како коинвеститорски проект помеѓу оптшината Струмица и МТСП. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }