Ташевска-Ременски во работна посета на општина Тетово

Mинистерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски во работна посета на Тетово оствари средба со градоначалничката на Општина Тетотво, Теута Арифи, го посети Центарот за социјална работа каде што се сретна со директорот Насер Садики и со вработените, и на крај го посети Дневниот Центар за деца со посебни потреби. На средбата со градоначалничката на Општина Тетотво Теута Арифи беа покренати повеќе прашања и теми чие решавање е од заеднички интерес за подобрување на состојбите за сите граѓани од Тетово и околината.

“Во разговорите со градоначалничката Арифи беше разгледана инцијативата на општината за згрижување на децата од предучилишна возраст преку отворање на центри за ран детски развој. Таа најави дека во скоро време ќе бидат отворени дополнителни три вакви центри со што ќе се подобри состојбата со згрижување на овие деца”, изјави  министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски.

Mинистерката ја искористи приликата да се информира и околу можноста за отворање центри за згрижување на деца од ромската популација, како и центар за згрижување на деца од улица за и овие деца од ранлива категорија да добијат институционална заштита. Информираше и дека Министерството за труд и социјална политика ќе достави допис до општина Тетово со кој општината се задолжува во рамки на следните проекти при измена на урбанистичките планови да предвиди место за нова градинка бидејќи според нејзините согледувања во последните четири години не само Тетово, туку и други општини низ државата не биле опфатени. 

На средбата со директорот на Центарот за социјална работа Насер Садики во однос на работењето на Центарот и за надминување на недостатокот на материјално технички средства министерската Ташевска-Ременски најави помош особено за набавка на возила кои се неопходни за теренска работа на стручните тимови, како и набавка на опрема и инвентар пред се компјутери, скенери, принтери и друго што недостасува и во многу други места низ државата. Таа информираше дека завршува проектот за обнова на зградата на Центарот за социјални работи во Тетово и Дневниот центар за деца со посебни потреби во градот.

Одговарајќи на навинарско прашање за состојбите со осигурувањето на имоти и лица во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, Министерката Ташевска-Ременски посочи дека прпоцедурата за јавен повик за осигурителна компанија требало да се изврши во септември, но тоа не било направено.

“По воочувањето на овој пропуст во јануари беше отпочната оваа процедура и сега во тек е жалбената постапка на фирмите што учествуваа на повикот за јавна набавка. Очекувам дека до крајот на неделава да биде избрана осигурителната компанија. Истовремено мора да посочам дека во 2013 година, 11 месеци, исто така, немало осигурување, а во тој период се случиле повеќе кражби како последната во Бутел кога беа украдени три компјутери, така што за овие состојби не треба само јас да бидам прашувана, туку и други лица”, изјави таа.

На прашањето за дом за стари лица во Тетово и околината, Министерката за труд и социјлана политика побара општините да достават барања до Министерството, иако реализацијата на вакви капитални инвестиции, подвлече, ќе зависи од финансиските можности. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }