Државниот секретар Хусејин на TAIEX Работилница за деинституционализација: Поттикнување на процесот на транзиција од институционална кон грижа во заедницата

 

“Македонија продолжува со процесот на деинституционализација”

Државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика, Енвер Хусејин присуствуваше на “TAIEX Работилница за деинституционализација: Поттикнување на процесот на транзиција од институционална кон грижа во заедницата”, организирана во соработка помеѓу Генералниот Директорат за вработување, социјални прашања и инклузија на Европската комисија и Министерството за труд и социјална политика.

Државниот секретар на самиот почеток истакна дека процесот на деинституционализација е “еден од приоритетите во нашата агенда за подобрување на животот на граѓаните, особено на ранливите категории во насока за обезбедување на подобaр квалитет и адекветност на социјалните услуги согласно со нивните можности и потреби, а со цел да се обезбеди соодветна поддршка, заштита и нивно вклучување во зедницата”.

Хусејин потенцираше дека системот на социјална заштита во Република Македонија, континиурано се унапредува преку спроведување на низа реформски процеси во социјалната заштита и социјалното вклучување на ранливите групи на граѓани, со воведување на нови принципи и методи на работа за развивање и унапредување на социјалните услуги, имајќи ги во предвид општествениот контекст, социјалните проблеми и социјалните ризици на кои се изложени граѓаните. Во оваа насока, Република Македонија во изминатиов период се фокусираше на создавање на стабилна нормативна рамка и се донесени значајни стратешки документи на национално ниво, но во процесот на имплементација е утврдена потреба од вклучување на локалните заедници и поголема координација на локално ниво и соработка со институциите на национално ниво.

“Процесот на деинституционализација во Република Македонија започна уште во јуни 2000 година со потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за труд и социјална политика, Канцеларијата на УНИЦЕФ и Светска здравствена организација, преку која активност 30 деца од ЈУ “Специјален Завод” Демир Капија ја напуштија установата и се згрижија во згрижувачки семејства. Напоредно со овој процес се преземаа активности и за јакнење на капацитетите на згрижувачките семејства.Во 2007 година, како израз на политичката посветеност за понатамошно спроведување на процесот на деинституционализација, Владата на Република Македонија ја донесе Националната стратегија за деинституционализација во системот на социјалната заштита во Република Македонија (2008-2018)”, рече државниот секретар Хусејин.

Во продолжение, тој истакна дека во процесот на креирање и спроведување на деинституционализацијата во нашата земја се земаат во предвид релевантните меѓународни документи кои се однесуваат на човековите права, недискриминација, борба против тортура, нехуман и понижувачки третман, издвојувајќи ја Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност, како и  целите на Европската Унија и Советот на Европа, кои имаат за цел, како што рече,  да обезбедат активна инклузија и целосно учество во општеството на лицата со инвалидност. Политиките на Министерството за труд и социјална политика во насока на спроведување на процес на деинституционализација на лица со попреченост во менталниот развој во Република Македонија достигнуваат ниво на практична примена. Имено, процесот на деинституционализација на лицата со попреченост во менталниот развој над 18 години од ЈУ “Специјален Завод” Демир Капија, од други установи за социјална заштита, како и за лица од матични семејства, како превенција од институционализација, се спроведува преку примена на формата на вонинституционална заштита – организирано живеење со поддршка во станбени единици.

 “За таа цел до сега се воспоставени 17 станбени единици за организирано живеење со поддршка од кои 9 во Неготино и 8 станбени единици во село Волково, Скопје  во кои се сместени  вкупно 81 корисник. Исто така, во овој период воспоставени се адекватни и  достапни социјални сервиси за деца и возрасни (деца со пречки во развојот, возрасни лица со попреченост, возрасни и стари лица, лица кои злоупотребуваат дроги, бездомници, жртви на семејно насилство)”, информираше државниот секретар Хусејин. 

На крајот, државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика најави продолжување на процесот на деинституционализација, проширување на социјалните услуги и алтернативните облици на грижа во заедницата.

На TAIEX Работилница за деинституционализација: Поттикнување на процесот на транзиција од институционална кон грижа во заедницата”, чија што цел е подигнување на свеста и дискусија за напредокот во однос на процесот на деинституционализација за лицата со инвалидност, лицата со проблеми во менталното здравје, децата, повозрасните лица и бездомниците, се овозможи активна размена на ставови и гледишта во однос на деинституционализацијата помеѓу претставниците на Европската комисија, земји-членки на Европската унија, националните и локалните власти, невладините организации, обезбедувачите на социјални услуги и други субјекти кои се вклучени во процесот.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }