Министерот Ибрахими се обрати на промоцијата на кампањата „Биди фер. За детство без пречки“

 Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими се обрати на настанот со кој започна кампањата „Биди фер. За детство без пречки“.

Преку оваа кампања, рече министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија, министерствата за труд и социјална политика, за здравство, и за образование и наука, граѓанските организации за правата на лицата со попреченост, треба да ги разгледаме сите креативни концепти и идеи, а со тоа да го промениме начинот на кој општеството гледа на децата со попреченост и начинот на кој тоа се однесува кон нив.

“За да се постигне целосна инклузија на децата со попреченост, општеството е тоа кое мора да стане посвесно за нивните права и да почне првенствено да ги гледа нивните способности, пред да ја забележи попреченоста која е нивно секојдневие”, изјави министерот Ибрахими.

Тој информираше дека со цел овозможување подобри услови за овие деца државата во рамки на многубројните проекти отворила 32 дневни центри како социјални сервисни служби за децата со попреченост, дневни центри  за аутизам, и за деца со оштетен вид од претшколска возраст. Зголемен е, рече и посебниот додаток, за 25 проценти зголемен е додатокот за материјално необезбедени родители на деца со пречки со развој, а воведени се и дополнителни мерки за поддршка на најранливата категорија граѓани.

На настанот присуствуваше и Заменик преставникот на канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија Елспет Ериксон која истакна дека дека овие лица многу неправично се чуствуваат исклучени, како што рече, не поради својата состојба, попреченост или неспособност нешто да направат туку поради тоа што ние како општество им поставуваме пречки и бариери кои не мора да бидат тука.

Претставникот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Мауро ди Вероли истакна дека со оваа кампања се интензивира соработката со невладините организации на лицата со попреченост за да се промени ставот на луѓето во однос на овие лица.

Кампањата е дел од регионалниот проект „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната иклузија на децата со попреченост од Западен Балкан и Турција, финансиран од ЕУ и кофинансиран од УНИЦЕФ.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }