Нов приватен дом за стари лица

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов го пушти во употреба новиот приватен дом за згрижување стари лица во општина Сопиште “Резиденција Дабески”. За отворање на овој дом се искористени поволностите што ги нуди државата, а инвестирани се средства во висина од околу 350 илјади евра. Во Домот ќе можат да бидат згрижени 30 лица.


“Оваа приватна установа е резултат на мерките коишто ги донесе Владата на Република Македонија за поттикнување на изградба и отворање на нови приватни старски домови. Се работи за искористување на поволни кредитни средства преку линијата на Македонската банка за поддршка на развојот со ниска каматна стапка. Во иднина инвеститорот ќе може да искористи и од обуките кои се реализираат преку Агенцијата за вработување на Република Македонија и Оперативниот план на активни мерки за вработување, што е показател за успешноста на поволностите”, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на свеченото отворање на Домот. 


Спасов додаде дека инвеститорот има добиено и грант од ИПАРД кој треба да покрие 25 проценти од инвестицијата, што, како што истакна, е дополнително олеснување и финансиска помош за самиот инвеститор.“Како Влада предвидовме многу поволности како почетна продажна цена од 1 евро за метар квадратен за локалции за изградба приватни градинки и старски домови, намалување на комуналните такси за 95 проценти за изградба на вакви објекти”, рече Спасов.

Министерот за труд и социјална политика информираше дека во евиденцијата на МТСП има околу 30 слободни локации кои се на располагање за вакви инвестиции и 50 објекти кои можат да се купат и пренаменат за вакви потреби.

Градоначалникот на општина Сопиште, Стефче Трповски најави, во најскоро време,  отворање на уште еден дом за стари лица со што, како што посочи, ќе се обезбедат дополнителен број на вработувања во општината. Даниела Дабеска, инвеститор на Домот, потенцираше дека станува збор за установа која има холистички пристап за згрижување на стари лица.


“Нашата цел е да понудиме достоинствен живот за нашите корисници со комплетна, максимална нега што подразбира 24-часовна медицинска нега и заштита и пред сè социјална заштита. Инаку во целата постапка се трудевме да ги запазиме сите стандарди за вакви установи, европски стандарди и пренесовме неколку иновативни идеи во функционирањето на Домот”, рече Дабеска која што појасни дека како инвеститори искористиле многу поволности кои ги нуди државата во однос на субвенции за отворање вакви домови.

Досега во Македонија се отворени 16 приватни старски установи, а уште 11 инвеститори имаат почнато постапка за отворање на вакви установи во повеќе општини во Македонија. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }