Првите решенија за отпис на долгови на граѓани од ранливи категории доделени во Велес


Mинистерoт за финансии, Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, денес во Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Велес, ги доделија првите решенија за отпис на долгови на граѓани oд ранливи категории.

“Ова е еден значаен проект, едно ветување што им го дадовме на граѓаните пред изборите за отпис на долговите од денес станува реалност. Тоа покажува дека за Владата дадениот збор претставува обврска. И тогаш кога многу не веруваа, и тогаш кога некои политичари не напаѓаа дека ова само заради изборите го ветуваме, тоа се покажа кој е во право. Граѓаните кои спаѓаат во најранливите категории, најсиромашните граѓани, примателите на социјална помош, невработените денес имаа можност да ги добијат првите решенија за отпис на долговите”, изјави министерот Ставрески. Тој посочи дека станува збор за граѓани од многу градови во Македонија, денеска се доделуваат првите 200 решенија, а процесот ќе продолжи понатаму. Вклучени се одлуки за отпис на долгови, појасни Ставрески, во сите делови на Република Македонија, од Велес, Струмица, Радовиш, Кочани, Валандово, Македонски Брод, Охрид, Битола, Гостивар.

”Благодарен сум на Министерството за труд и социјална политика и на Министерството за финансии како носители на активноста што експедитивно работеа. Така како што им ветивме на граѓаните во период од  4-5 месеци ги изработивме сите одлуки што досега можеше да се завршат и така ќе продолжиме и во текот на ноември. Очекувам во текот на ноември да го заокружиме процесот и до крајот на ноември сите граѓани што ги исполнуваат законските услови, а тоа се најсиромашните категории на граѓани да добијат одлуки за отпис на долгот”, додаде Ставрески.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов изрази задоволство од почетокот на последната фаза од проектот за еднократен отпис на долговите.

“Oд вкупно 42.000 барања кои беа пристигнати денеска во повеќе градови во земјава се поделени првите околу 200 одлуки за еднократен отпис на долговите. Во фаза на работа се земени 31.350 барања, што е повеќе од две третини од вкупниот број на поднесени барања кои се доставени до институциите за обработка, а половина од тој број се вратени од институциите и се пратени во следната фаза до доверителите”, потенцираше Спасов.

Тој воедно појасни дека процесот продолжува и во текот на ноември, а Комисијата за еднократен отпис на долговите интензивно работи во соработка со Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика кои нудат логистичка подршка за Комисијата. Посочи дека очекуваат до крајот на ноември да се заокружи целокупниот процес.

Директорката на Центарот за социјални работи-Велес, Азиза Џини Кицара изрази задоволство што денеска двајцата министри во Велес ги врачуваат првите решенија за еднократен отпис на долговите. Таа појасни дека во Центарот за социјални работи во Велес биле примени 1.206 барања, а од кои позитивно се решени 53. 

“Најголем дел од поднесените барања за отпис на долгови на граѓаните биле за струја и радиодифузна такса", информира Кицара.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }