Спасов во Софија на Петтата регионална тркалезна маса „Социјалниот дијалог во Југоисточна Европа“ 

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на 25 ноември 2014 година (вторник) во Софија, Република Бугарија на покана на Министерството за труд и социјална политика на Република Бугарија, во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт, учествува на Петтата регионална тркалезна маса „Социјалниот дијалог во Југоисточна Европа“.  

Целта на тркалезната маса е продолжување на традицијата на претходните тркалезни маси за дискутирање на реформите во трудовото законодавство и развојот на социјалниот дијалог во земјите на Југоисточна Европа. На тркалезната маса покрај министрите свое учество најавија и претставници на синдикатите и организациите на работодавачи во регионот со цел истите да ги презентираат нивните ставови на оваа тема.

Во рамките на дискусијата посветена на “Реформите во трудовото законодавство во земјите на Југоисточна Европа – направени и планирани измени и дополнувања”, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов имаше своја презентација на тема“Социјалниот дијалог во  Република Македонија”. Присутните се запознаа со начинот на функционирањето на Економско социјалниот совет како тело кое е надлежно за развојот на социјалниот дијалог во државава, при тоа информирајќи дека станува збор за трипартитно тело составено од членови на владата, на репрезентативните синдикати и репрезентативните работодавачи на Македонија. 

Спасов потенцираше дека најмалку еднаш на секои два месеци ова тело се состанува и разговара за законите, стратегиите и акциските планови поврзани со сферата на работните односи и пазарот на труд. Па така во 2014 година некои од прашањата на агендата на ЕСС беа значајни законски измени како што се измените и дополнувањата на Законот за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за мирно решавање на работните спорови, на Законот за безбедност и здравје при работа, на Законот за минимална плата во Република Македонија и други. 

Како особено значаен во рамките на подигнување на капацитетите на социјалниот дијалог Спасов го посочи Проектот за социјален дијалог имплементиран од страна на Меѓународната организација на трудот којшто опфаќа 3 компоненти: Зајакнување на капацитетите на националниот економско-социјален совет и локалните економско-социјални совети, Колективно договарање и Систем за мирно решавање на работни спорови има за цел да се зајакнат капацитетите на креаторите на политики, како и на телата за спроведување на законите, да му помогне на Министерството за труд и социјална политика во преземањето на потребните правни и институционални мерки коишто ќе го овозможат воспоставувањето на економичен и функционален механизам за мирно решавање на работни спорови; да се креираат специјализирани корпуси на помирувачи и арбитри за работни спорови, како и да се развие база на податоци за управување со спорови и сет на индикатори на реализација. 


Посетата на Република Бугарија беше заокружена со потпишување на Меморандум за соработка на полето на трудовото право, пазарот на труд и борбата против непријавената работа помеѓу Министерството за за труд и социјална политика на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика на Република Бугарија, со кој се потврди заедничкиот интерес за зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји,со желба за проширување и зголемување на соработката на полето на трудовото право, пазарот на труд и борбата против непријавената работа согласно со постојните закони и регулативи во двете земји.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }