„Место за сите има - Еднакви под сонцето“

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски и претседателот на невладината организација „НВО Детски свет-Нов почеток“ Суарет Алишан потпишаа Меморандум за соработка. Потпишувањето на Меморандумот е во рамките на настанот организиран од невладините организации “НВО Детски свет- Нов почеток” и “Светот на дланка” кои имаат за цел да ја укажат еднаквоста кај лицата со и без сетилна попреченост со пораката „Место за сите има - Еднакви под сонцето“. 

По потпишувањето на Меморандумот, министерката за труд и социјална политика Ташевска-Ременски рече: “Сетилната попреченост отсекогаш била и ќе биде тешка попреченост, па согласно со тоа неопходно е континуирано да се следат специфичните потреби и проблемите на Вас лицата со сетилна попреченост”и додаде дека “колку и да модерната технологија во денешно време Ви го олеснува Вашето секојдневно живеење, без оглед на модерните подобрувања, сеуште постојат уште голем број на специфични потреби кои што може и мора да се решаваат само со континуирана посветеност, работа и помош на секој поединец, кој што на директен или индиректен начин е погоден со овој вид на попреченост”. 

Главната цел на овој настан е достигнување воедначен развој на лицата со и без физичка попреченост на целата територијата на Република Македонија, како и создавање услови за воспоставување и промовирање инклузивни настани и иницијативи што промовираат интеракција помеѓу децата и младите. Овозможување постојан и непречен пристап на фокусот на проектите, соработка со сите општини во Републиката, со континуирана заложба за понатамошен развој и подигнување на степенот на свест.

Покрај потпишувањето на Меморандумот, на настанот претставници на тимот на Систина Офтамологија одржаа говор на темa: ”Навремена детекција на децата со оштетен вид”, додека иноваторот и креаторот Никола Танчевски ги претстави своите дела кои ќе го олеснат секојдневнието на лицата со сетилна попреченост и комплетно ќе ги направат независни во сите сфери на живеењето. Настанот беше надополнет од млади музички таленти кои своите сетилни препреки не ги гледаат како пречка за нивната музичка надоградба и творење.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }