Министерката Ташевска-Ременски во посета на семејството Спасови од Куманово

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски го посети петчленото семејство Спасови од Кумановската населба Карпош. 

Имено, семејството Спасови, се соочува со големи предизвици во нивното секојдневие бидејќи второто нивно дете е со посебни потреби и боледува од церебрална парализа. Тој  е  и корисник на посебен  паричен додаток којшто сепак не е доволен да ги покрие и основните потреби за негова нега и одгледување, но семејството храбро се бори со сите пречки во нивниот живот. Сепак најголемата пречка за нормално секојдневие беше недостатокот од инвалидска количка којашто ја добија од хуманите граѓани, со посредство на Министерството за труд и социјална политика. Несомнено таа ќе значи и можност за полесен пристап до надворешниот свет на нивното дете коешто до сега користеше импровизирана количка. 

Инвалидската количка на Спасови им ја донираше Петар Серафимов со семејството од Струмица. 

Министерката Ташевска-Ременски за време на посетата на семејството Спасови поразговара и за останатите нивните потреби, но и  можноста како повеќе да им се помогне  бидејќи секое дете и секое семејство заслужува посебна грижа и внимание. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }