Одговор на МТСП во врска со написите дека синдикатите од Балканот се мобилизираат во поддршката на Живко Митревски и ССМ

Почитувани,

Во врска со написите дека синдикатите од Балканот се мобилизираат во поддршката на Живко Митревски и ССМ, Министерството за труд и социјална политика уште еднаш потенцира дека:

Согласно со Уставот на Република Македонија и Законот за работните односи, заради остварување на своите економски и социјални права, работниците имаат право по свој слободен избор да основаат синдикати и во него да се зачленуваат, под условите пропишани со Статут нa синдикатот.

Поаѓајќи од овие уставни и законски одредби, Министерството за труд и социјална политика како надлежна институција,  континуирано го поддржува и охрабрува секое синдикално организирање од страна на работниците и во таа смисла го воспоставува и негува социјалниот дијалог во Република Македонија.

Синдикатите на повисоко ниво, се запишуваат во Регистарот на синдикати кој се води во Министерството надлежно за работите од областа на трудот, а во истиот се регистрираат и сите  промени на податоци кои настануваат во функционирањето на синдикатите.

Во  претходниве неколку дена во јавноста имаше реакции во однос на шпекулациите кои се појавија околу промената на првиот синдикален претставник на Сојуз на Синдикати на Македонија Живко Митревски, а во тој контекст и  пренагласен повик и злоупотреба на името на Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски.

Би сакале да Ве информираме дека како надлежно Министерство од областа на трудот, законски, професионално и без никакви предрасуди или приклонување кон ниедна од овие две страни кои се инволвирани во целата оваа постапка, ја извршуваме својата законски одредена обврска и истовремено ја информираме целокупната јавност, дека се дистанцираме од сите овие внатресиндикални превривања, кои од друга страна беа предизвикани и од односот на првиот човек на Сојуз на Синдикати на Македонија, кој во пред изборието потпиша Меморандум за соработка со партиски лидер.

Во оваа прилика информираме, дека согласно со Законот за работните односи, во Регистарот кој се води во Министерството за труд и социјална политика, врз основа на барање на синдикатите мора да се пријави секоја промена на називот на синдикатот, односно здружението на работодавачите, односно подружницата или друг облик на внатрешно организирање, седиштето, подрачјето на дејствување, називот на извршното тело, лицето овластено за застапување престанокот на дејствувањето, односно овластувањата во правниот промет.

Согласно со наведеното, произлегува дека законска обврска на Министерството за труд и социјална политика е да постапува и да ги реализира сите барања за промени поднесени од синдикатите на повисоко ниво, а кои се законски основани.

Постапувајќи по вакво барање Министерството ги достави до Централниот регистар на Република Македонија промените кои се извршени во Сојуз на Синдикати на Македонија, но се досега од страна на оваа институција, не е постапено по нашето барање, од што произлегува дека сеуште нема извршено промени во претседателската функција на  Сојуз на синдикати на Македонија, што од друга страна го покренува и прашањето за непостапување во законски утврдени рокови на државните институции, согласно со надлежностите за кои се формирани.

Министерството за труд и социјална политика како и досега ќе си ја врши својата улога во поглед на синдикалното здружување, согласно со надлежностите кои и се дадени и понатаму е и ќе биде отворено за соработка со сите надлежни институции, а се со цел да се остваруваат правата на граѓаните на Република Македонија и се оградува од сите невистини и манипулации со кои се сака да се наштети како на институцијата Министерство, така и на институцијата Министер.    

Со почит,

Кабинет на министер за труд и социјална политика

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }