Реакција на МТСП во врска одржаната прес конференција на претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура-СОНК, Јаким Неделков 

Почитувани,

Во врска со одржаната прес конференција на претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура-СОНК, Јаким Неделков, и изнесените невистини Министерството за труд и социјална политика во интерес на вистината должно е да реагира и да појасни за што тоќно станува збор. 

Имено, по изршените инспекциски надзори во периодот од месец септември до месец ноември 2016 годиа од страна на инспектори при Секторот за инспекциски надзор на социјалата заштита и заштита на децата,  беше костатирнао дека во дел Јавните установи за деца детски градинки не се почитува рботното време согласно со член 67 од Законот за заштита на децата, а во врска со член 116 од Законот за работни односи и член 27 од Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата и во дејноста одмор и рекреација на децата. Врз основа на најдените неправилости на установите им беа дадени и решеија со рок ведаш да ја отстранат констатираната неправилост. Од причини доколку во останатите ЈОУДГ, кои не беа предмет на инспекциски надзор не се почитуваат одредбите од Законот. По вообичаена пракса од страна на инспекторите во Министерството на меил им беше доставено известување за постапување по одредбите од Законот во делот на работното време. Треба да се напомене дека дел од ЈОУДГ во Република Македоија го почитуваат законски утврденото работо реме.

При испекцискиот надзор во Прилеп, Пробиштип, Кочани, Дебар беше утврдено дека дел од давателите на услуги работат по 6 односно 6,30 часа во денот, по увид во електронската и хартиена евиденција за присуство на работа, а во листите за исплата на плата од страна на одговорното лице на установата истите се евидентирани со 8 часа дневна работа и им е исплатена плата за работа од 40 часа во неделата. За преостанатите часови за кои не биле на работа во установите нема никаква евиденција. Во овие установи согласно со Закон беше извршена и едукација на вработените.

Од последниот вонренден инспекциски надзор во делот на работното време во ЈОУГД ,,Срничка”, Аеродром, Скопје на инспекторот за заштита на деца, по претходна поплака од родител не му беше дозволен увид во евидентните книги за присуство на работниците од непознати причини, што претставува согласно со Законот за заштита на децата прекршок за кој е предвидена глоба.

Со договорот за вработување, вработените во ЈОУДГ кои се со полно работно време, работното време изнесува 40 часа во неделата одосно согласно со погоре наведените законски одредби и колективен договор: 

(1) Работното време на вработените во детската градинка изнесува 40 часа неделно. 

(2) Работното време утврдено во ставот (1) на овој член, заради природата на работата за воспитувачот и негувателот, се распределува на работно време поминато со децата и останатото работно време за други програмски активности.

(3) Работното време поминато со децата, како дел од вкупните програмски активности, во рамките на полното работно време од ставот (1) на овој член за воспитувачот изнесува 30 часа во неделата, а за негувателот 35 часа во неделата.

(4) Основната плата, надоместокот на плата и надоместокот на трошоците поврзани со работата се пресметуваат и исплатуваат на вработениот врз основа на работното време од ставот (1) на овој член, како и евиденцијата што ја води работодавачот.

Од сето погоре наведено, а во интерес на уредно одвивање на дејноста воспитување и згрижување на децата во предучилишните установи, како и за превенирање на несакани последици, инспекторите за заштита на децата при МТСП го доставија погоре наведеото известување во кое наведоа дека согласно со член 229 од Законот за заштита на децата непочитувањет на работното време претставува прекршок за кој е предвидена:

(1) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на установа за деца која постапува спротивно на одредбите од овој закон во поглед на започнувањето, траењето и завршувањето на работното време на работниците (членови 67 и 69 став (5)).

 (2) Глоба во износ од 30% од одредената глоба за правното лице ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член на директорот во правното лице. 

По доставување на “спорното” известување од страна на СОНК до ЈОУДГ се наиде на позитивна реакција од страна на раководните лица во установите за деца коишто отпочнаа со примена на законски утврденото работно време за што секојдневно доставуваат листи за евиденција на присуство на нивните вработени. 

Треба да се нагласи дека по претставки во последната недела беа извршени вонредни инспекциски надзори во Крива Паланка каде беа злоупотребени деца за политички цели од политичка партија со изговор дека им се доделуваат подароци, а настанот беше објавен со фотографии на социјалните мрежи, како и претставување на политичка програма од кандидат за пратеник во установата во Демир Капија пред вработените во текот на работното време, за што повторно беа објавени фотографии на социјалните мрежи. По изршениот инспекциски надзор фотографиите беа отстранети, а раководните лица на установите за деца јавно се извинија за сторениот пропуст на родителите и на пошироката јавност.

Од сето погоре наведено Министерството за труд и социјална политика ја отфрла информацијата на СОНК дека се воведува принудна управа со декрет, односно дека станува збор за скандалозен документ.

Министерството за труд и социјална политика, односно инспекциските служби и понатаму ќе се грижат за спроведување на законитоста во работењето на установите за деца, а се во интерес на згрижување и воспитување на децата во предучилишната возраст. 

Со почит,

Кабинет на министер за труд и социјална политика

 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }