Ташевска-Ременски до пензионерите: ,,Доколку со десната рака Ви беше дадено, колку Ви беше одземено со левата рака?“

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски на конференција за медиумите се обрати до сите пензионери во Република Македонија во врска со најавеното покачување на пензиите за 5 % прашувајќи ги дали знаат колку всушност реално им беше одземено. 

,,Без да им се каже вистината на пензинерите партиски функционери од владејачката партија на сите средби со пензионерите покачувањето на ноемвриската пензија од 5% го прикажуваат како партиски подарок за пензионерите. Не им се кажува на пензионерите дека со измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување што ги направија во октомври 2015 година, истите тие ја ставија вон сила законската обврска на државата за задолжително усогласување на пензиите два пати во годината, и тоа на 1 јануари и 1 јули во годината.  Со овие измени се воведе основ, усогласувањето на пензиите да се врши еднаш во 2016 година во висина од 5%, линеарно за сите корисници на пензија во еднаков износ и тоа со исплата на септемвриската пензија во октомври 2016 година. Но, во јули 2016 година го изменија и ова и утврдија дека, усогласувањето на пензиите наместо со септемвриската пензија ќе се изврши со ноемвриската исплата на пензии во декември 2016 година, што беше претставено како партиски подарок за пензионерите, а не законска обврска”, рече министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски. 

Според неа со ваквото линерано усогласување на пензиите што се примени во 2014, 2015 и 2016 година, 300 илјади пензионери не го добија реалното зголемување на личната пензија. 

Овие тврдења Ташевска-Ременски ги ги поткрепи со фактото дека во 2015 година усогласувањето на пензиите се изврши во октомври 2015 година, при што пензиите се усогласија номинално во износ од 608 денари за само три месеци од 2015 година. Доколку усогласуањето се извршеше во јануари 2015 година секој пензионер наместо 1824 денари,  ќе добиеше 7.296 денари, односно добиле околу 5472 денари помалку во 2015 година. За околу 300.000 пензионери во Република Македонија во 2015 година им се исплати помалку усогласување за 1.641.600.000 денари или близу 27 милиони евра.

,,Во 2016 година се врши усогласување од 650 денари само за два месеци и тоа само за пензијата што се исплаќа за ноември и декември 2016 година. Доколку усогласувањето се извршеше во месец јануари за цела 2016 година, секој пензионер наместо 1300 денари, ќе добиеше околу 7800 денари, односно добиле 6500 денари помалку во 2016 година. За околу 300.000 пензионери Република Македонија во 2016 година им се исплати помалку усогласување за 1.982.500.000 денари или близу 33 милиони евра”, информираше министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски.

Со овие нови решенија за усогласување на пензиите еднаш годишно на крајот на годината, само за 2-3 месеци се нарушува и еднаквоста во примена на формулата за усогласување на пензиите.Таа појасни дека усогласувањето на пензиите кое беше дефинирано со членот 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување се овозможуваше усогласување, односно зголемување на пензиите според порастот на платите и порастот на трошоците на живот и тоа два пати годишно. 

,,Правото на пензија не е подарок од државата, бидејќи пензијата се пресметува од остварените плати на секој осигуреник и остварениот стаж. Нејзиното усогласување не треба и не смее да се смета како подарок од државата, туку зачувување на вредноста на пензијата согласно со реалниот пораст на платите и зголемените трошоци за живот”, заклучи министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }