Ташевска-Ременски: ,,Спасов и Поповски да понесат одговорност за неодговорното однесување”

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски на конференција за медиумите ги повика сите инволвирани во саботниот настан, дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски наместо да изнесуваат лаги и невистини пласирани преку соопштенија од Агенцијата за вработување на Република Македонија и да ја манипулираат јавноста храбро да одговорат за секоја нивна постапка. 

,,Очигледно е дека во Република Македонија, лицата носители на политички функции одамна не знаат за своите постапки да понесат одговорности, наместо тоа се задскриваат зад превезот на моќ, која оваа власт ја наметнува сиве овие 10 години”,  рече министерката Ташевска-Ременски и порача дека јавноста очекува овие двајца функционери да се појават пред очите на граѓаните, да дадат одговори на многу прашања кои се пред се од јавен интерес. 

,,Дополнителниот заменик министер до сега молчи. Господине Поповски, вие како директор на Агенцијата за вработување, исто така должите многу одговори! Одговорете и на јавноста зошто и како возилото кое направи неколку сообраќајни прекршоци се најде во рацете на Диме Спасов? Возилата кои вчера ги обелоденивме во јавноста не се во сопственост на Министерството за труд и социјална политика, ниту пак биле дадени со некаков си договор во октомври 2015 година. Хипотетички, зошто би се вратиле на користење возила на Министерствотот кои краток период пред октомври 2015 истите со одлуки на Влада, објавени во Службен весник  Ви се доделени Вам? Која била потребата од носењето на тие одлуки, кои Владата ги разгледувала на седница и утврдила да Ви се доделат Вам?”, го запраша Ташевска-Ременски директорот на АВРМ.

Таа при тоа информираше дека веднаш по повторното преземање на функцијата министер за труд и социјална политика формирала Комисија за вонреден попис на возниот парк и моторните возила на министерството.

,Комисијата констатираше дека за 7 возила не е направен физички попис на 7-те возила, меѓу кои и 4 на АВРМ, бидејќи истите се доделени со одлука на Влада на Вас, Агенцијата за вработување.  Тоа е констатирано и во извештајот кој го потготви Комисијата за попис. Уште еден факт говори спротивно на она  што Вие го изјавивте во текот на вчерашниот ден дека Министерството ги поседува 4-те возила меѓу кои и Туарегот. Тие никаде не фигурираат во прегледот на регистрирани и осигурани возила од страна на Министерството за труд и социјална политика”, рече Ташевска-Ременски и уште еднаш јавно повика на одговорност.

,,Затоа јавно ве повикувам, да имате доблест и да понесете одговорност за настанот кој предизвика огромен јавен интерес и му наштети на угледот на оваа институција, која наспроти овој Ваш луксуз, секојдневно се труди да ги реши и најгорливите прашања на многу категории на граѓани, меѓу кои и најзагрозените социјални случаеви. Ве повикувам јавно, да престанете да плетете мрежа од лаги, и пред да се повлечете од функциите кои ги вршите, да ги дадете вистинските одговори кои граѓаните ги очекуваат од вас”, рече министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }