Нов проект “Унапредување на социјалниот дијалог”

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, се обрати на промоцијата на проектот "Унапредување на социјалниот дијалог" вреден околу 1,3 милиони евра, финансиран од ЕУ преку ИПА компонентата за развој на човечки ресурси 2007-2013 година, кој ќе се имплементира во период од 24 месеци. Поддршка на социјалниот дијалог меѓу Владата, работодавачите и синдикалните организации е целта на овој Проект на кој исто така се обратија шефот на Делегацијата на ЕУ, евроамбасадорот Аиво Орав, постојаниот координатор на ОН Луиса Винтон и Антонио Грациоси, директор на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа (ILO) и социјалните партнери.


Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во своето обраќање искажа големата благодарност за поддршката за проектот "Унапредување на социјалниот дијалог" но и за поддршката која што ја дава Европската Унија во континуитет, и за интересот кој го има за силен социјален дијалог во нашата земја бидејќи, како што рече, социјалното партнерство е клучен елемент во развојот на демократското општество и значаен чинител за развојот на економијата во нашата држава. 

“Социјалниот дијалог, како клучна и неопходна алатка во креирањето на севкупните односи на социјалните партнери, е крупен предизвик и цел, но и одговор на сложената и динамична економска и социјална состојба. Определбата на Владата на Република Македонија, искажана преку бројни стратешки документи и активности, е насочена токму кон економскиот раст на земјата, преку привлекување на нови инвестиции и создавање на нови достоинствени работни места, со цел подобрување на животот на граѓаните и напредок на општеството.И за инвеститорите и претставниците на приватниот сектор, од особена важност е показателот дека во земјата постои конструктивен дијалог  и атмосфера на заемна доверба меѓу Владата на Република Македонија, синдикатите и здруженијата на работодавачи”.

Спасов потенцираше дека во изминатиот период, во Република Македонија има  успешен и интензивен социјален дијалог, чија основа за воспоставување се неколкуте Конвенции на Меѓународната организација на трудот, но и домашното законодавство во делот на работните односи.  

“Со основањето на Економско-социјалниот совет се овозможи конструктивен удел на сите општествени чинители во делот на државниот прогрес и реформските процеси.  Овој чин го означи новото поглавје во социјалниот дијалог меѓу Владата и социјалните партнери, кој служи како форум за трипартитни консултации во делот на економските, социјалните и прашањата од трудот.Развојот на социјалниот дијалог во Република Македонија посебно се унапреди по потпишувањето на новата Спогодба за основање на Економско социјалниот совет на 25.08.2010 година, според кој националниот дијалог се води на три нивоа: национален, бипартитен и локален. Националниот социјален дијалог се одвива преку Економско социјалниот совет каде што се претставуваат репрезентативните синдикати и работавачи и Владата со ист број на членови и одлуките се донесуваат со консензус од сите страни. На бипартитно ниво, пак, репрезентативните синдикати и работодавачи склучуваат колективни договори на гранково ниво, а на локално ниво социјалниот дијалог се води преку локални економско социјални совети за кои се надлежни општините, синдикатите и работодавачите во тие општини”.

Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов сето ова овозможува социјалните партнери активно да се вклучени во сите работни групи во креирањето на законодавството од областа на економската и социјалната сфера. Досегашната соработка и дијалог со социјалните партнери, се отсликува во процесите на креирање на  трудовото законодавство, политиките за вработување, вклучувајќи  подготовка  и следење на стратешките документи, како што се: Националната стратегија за вработување 2015 година, Акцискиот план за вработување на младите 2015 година,  и имплементацијата на активните програми и мерки за вработување и сл.

“Констатацијата дека социјалниот дијалог е на високо ниво и дека социјалните партнери имаат искрен и сериозен однос, се потврдува со фактот дека само во последниот период се усвоени  со меѓусебно усогласување голем број на  промени  на значајни закони како што се Законот за минималната плата и утврдувањето и повеќе годишното зголемување на минималната плата, Законот за заштита од вознемирување на работното место,  Закон за изменување и дополнување на Законот за мирно решавање на работните спорови, Закон за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата , Закон за  дополнување на  законот за  вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за изменување и дополнување на законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, а во неколку наврати имаше усогласени измени во Законот за работни односи”, рече Спасов и забележа дека:“Сепак, секогаш е потребно да постигаме и правиме  што повеќе. Капацитетите на социјалните партнери, како и соодветните сектори во Министерството за труд и социјална политика неопходно е да се зајакнуваат во континуитет,  во однос на  бипартитниот и трипартитниот социјален дијалог, меѓународните стандарди на трудот  и законодавството на Европската унија.  Токму затоа започнува овој значаен проект што денеска го промовираме од кој се очекува зајакнување на капацитетите на Економски социјалниот совет на нацинално ниво, зајакнување на капацитетите за колективното договарање на гранково и на ниво на работавач, како и поставување на оперативен механизам за мирно решавање на работните спорови. Верувам дека со овој проект кој ќе се реализира преку различни активности  во  текот на наредните 24 месеци, значително ќе се подобри и прошири трипартитниот социјален дијалог на национално и локално ниво, ќе се  подобри социјалниот дијалог и партнерството преку ефективна координација за колективното преговарање и воспоставање на оперативни механизми за мирно решавање на работните спорови”. 

Министерот Спасов на крај изрази уверување дека Проектот "Унапредување на социјалниот дијалог" ќе ги даде очекуваните резултати и ќе придонесе за значително унапредување на социјалниот дијалог во нашата држава.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }