Нови приватни старски домови- меѓу приоритетите на МТСП

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески и сопственикот на ПЗУ “Дијагностички центар”, с.Кравари,  Димче Тристовски го отворија новиот старски дом во рамки на дијагностичкиот центар.

Спасов на почетокот изрази задоволство за отворањето на уште еден приватен дом за стари лица во  државата.

“Ова е шеснаесетта приватна установа која што се отвора, додека пак тринаесет се отворени само  во 2013/2014 година со што се потврдуваат заложбите на Министерството за труд и социјална политика во насока на поттикнување на приватниот сектор, на приватните инвеститори да инвестираат во отворање на нови старски домови. Со овој капацитет дополнително ќе се зголемат и подобрат условите за сместување и грижа на старите лица во Република Македонија, секако на доброволна основа, меѓутоа значително ќе се зголемуваат капацитетите”, рече Спасов.

Сите овие старски домови вработуваат повеќе од 200 лица во објектите што значи дополнително придонесуваат за зголемување на вработеноста особено на негователите и медицинскиот кадар кој што е потребен во истите.

“На инвеститорот би сакал да му честитам. Се работи за значајна инвестиција во Битола во делот на приватни старски домови. Ние како Министерство за труд и социјална политика и во иднина ќе продолжиме да комуницираме и соработуваме со потенцијалните инвеститори. Во моментов има уште десетина потенцијални инвеститори со кои сме во интензивна комуникација и на кои сакаме да им помогнеме во насока на изнаоѓање на соодветна локација  или објект во кој што би инвестирале. На почетокот на оваа година го отворивме новиот дом, објект на Сју Рајдер што значи дека Битола во изминатиов период има низа на инвестиции во овој дел”, заврши Спасов.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }