Работна средба

„Улогата на локалната самоуправа во унапредувањето на еднаквите можности на жените и мажите и презентација на првиот системски Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство“ 

На 13.10.2014 година, во Општина Штип, Министерството за труд и социјална политика организираше работна средба на тема „Улогата на локалната самоуправа во унапредувањето на еднаквите можности на жените и мажите и презентација на првиот системски Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство“, со цел успешна имплементација на политиките на Владата на Република Македонија на локално ниво. 

На работната средба се дискутираше за новиот Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, кој има за цел создавање на сепфатна правна рамка со која системски ќе се унапредат состојбите против семејното насилство во нашата земја, преку креирање на координиран и интегриран систем во сите подрачја на делување. 

Новата регулатива има за цел да го подобри системот на заштита од семејно насилство и тоа:

  • унапредување на превенција, спречување и заштита од семејно насилство на национално и локално ниво, 

  • преземање на конкретни активности за унапредување на превенцијата, со цел за препознавање и намалување на случаите на семејното насилство,

  • воспоставување на систем на мерки за заштита и привремени мерки за заштита, со цел за намалување на последиците од сторено семејно насилство и спречување на идно насилство, 

  • зајакнување на мулти-секторско делување од страна на сите професионални структури, со вклучување на граѓанскиот сектор,

  • креирање на интегрирани политики со цел за континуирано следење и

  • унапредување на превенцијата, спречувањето и заштитата од семејно насилство.

 На работната средба учествуваа претставници на полицијата, центрите за социјална работа, здравствените установи, образовните установи, судии, јавни обвинители, локални невладини организации, како и претставници на регионалните Комисии за еднакви можности на жените и мажите.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }