“Се зајакнува улогата на синдикатите во заштитата на работничките права и нивната безбедност”

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Живко Митревски и претседателот на Организација на работодавачи на Македонија, Анѓел Димитров одржаа заедничка прес конференција на која информираа за новиoт предлог  Закон за изменување и дополнување на законот за безбедност и здравје при работа. Спасов на почетокот посочи дека безбедноста и здравјето на вработените се од суштинска важност за  министерството за труд и социјална политика и  социјалните партнери и дека постоечкиот  систем за заштита на безбедноста и здравјето мора постојано да се подобрува и усовршува.

“Во остварување на оваа заедничка цел, со задоволство можам да константирам дека меѓу Министерството за труд и социјална политика и нашите социјални партнери има континуиран дијалог и усогласеност. Како резултат на тоа, на Економско-социјалниот совет беше поддржан новиот предлог Закон за изменување и дополнување на законот за безбедност и здравје при работа од страна на сите членки, за потоа измените на законот да бидат усвоени и од страна на Владата на Република Македонија”, рече Спасов.

Постоењето на позитивен социјален дијалог и прифаќањето на предлози од социјалните партнери е поткрепено со фактот дека во овој предлог на Закон во контекст на заштитата на работниците  се зголемува улогата на синдикатите во два чувствителни сегменти и тоа: синдикатот ќе води поголема грижа во зголемување на работничките права, односно се зајакнува влијанието и позитивната контрола на синдикатот во заштитата и доследно почитување на работничките права. 

Спасов се осврна на поважните мерки кои се дел од новиот предлог на Закон, а кои се предлог на Сојузот на синдикатите на Македонија и добија поддршка на Економско-социјалниот совет:

-Секој работодавач мора да изготви и спроведе изјава за безбедност за секое работно место, прецизирајќи го начинот, како и мерките кои треба да се преземат.

-По изготвената изјавата за безбедност, работодавачот е должен да обезбеди мислење од синдикатот или преставникот на вработените таму каде што нема синдикат.

-Работодавачот е должен  да го обезбеди остварувањето на правото на вработените непосредно или преку претседателот на синдикалната организација да учествуваат во утврдувањето на недостатоците и во подобрувањето на условите за работа и на работната средина кај работодавачот.

-Работодавачот е должен при планирање, набавка на работна опрема и воведување на нова технологија, да се консултира и соработува со вработените и со претседателот на синдикалната организација,  заради нивното влијание по безбедноста и здравјето при работа, работните услови и работната околина.

- Работодавачот е должен да ги информира вработените и претседателот на синдикалната организација за секој вид на ризик за сите работни места, за безбедносните мерки потребни за контрола на ризиците и елиминирање на штетните последици, како и информации за вработените со посебни одговорности за прва помош, заштита од пожари и евакуација.

- Работодавачот мора да им дозволи на вработените, претседателот на синдикалната организација да учестуваат во дискусијата за сите прашања кои се однесуваат на безбедноста и здравјето при работа во согласност со овој закон и други прописи кои се донесуваат за безбедноста и здравјето при работа.

- На вработените и на претседателот на синдикалната организација мора да им се презентира изјавата за безбедност и  извештајот за безбедност при работа, како и спроведените мерки за безбедност и евиденција. 

Претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат ќе ги имаат  следните права:

- да ги обиколи работните места поради согледување на состојбата во врска со безбедноста при работа, најмалку два пати годишно, а по потреба и повеќе пати во годината, 

- да побара од работодавачот да преземе соодветни мерки и во таа насока да поднесува предлози со цел да се намалат опасностите за вработените и/или да се отстранат изворите на опасностите,

- да ја извести инспекцијата на трудот за нејзино посредување, да присуствува, да ги даде своите согледувања и да има увид во записникот составен од страна на инспекторот,

- да побара од работодавачот информации и да има пристап до изјавите за процена за безбедноста и извештаите што се обврска на работодавачот и други документи во врска со планирањето и уредувањето на безбедноста и здравјето при работа,

-задолжително писмено да бидат известени од страна на работодавачот, веднаш, а  најдоцна во рок од 48 часа од настанот, за смртен случај, колективна несреќа и повреда при работа која предизвикува времена неспособност за работа во траење повеќе од три работни дена, како и за секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа.

Работодавачот мора на претставникот да му овозможи непречено вршење на неговата функција, преку обезбедување на соодветно време и потребни средства без намалување на платата, при што не смее да го стават во неповолна состојба поради неговите активности.

“Во рамки на овие измени на  Законот,  а на предлог на бизнис заедницата кој беше прифатен од Економско-социјалниот совет се дефинира постапката за заштита на студентите при практична работа, односно се создава систем за нивна безбедна пракса.

Со следниве предлог мерки, се дефинира заштитата на студенти за време на практична работа во рудници во рамки на образовната програма: 

-Право на безбедност и здравје при работа согласно со одредбите од овој Зимаат студенти кога се наоѓаат на практична работа во рудниците во сите фази освен во подземни ископи, во рамки на образовната програма.

-Работодавачот е должен пред започнување со практична работа студентите во рудниците да ги запознае со мерките за здравје и безбедност при работа.-Извршувањето на практичната работа во рудниците може да започне само по претходно одобрение од одговорното лице кај работодавачот за завршена обука за на учениците и студентите на практична работа. 

-Работодавачот е должен на студентите да им обезбеди лична заштитна опрема и да ги обучи за користење на истата.

-За време на практичната работа работодавачот и организаторот на практичната работа назначуваат одговорни лица кои ќе присуствуваат за време на изведувањето на практичната работа.

-Работодовачот во соработка со организаторот на практичната работа треба да изготват план за работните места кои се безбедни за извршување на практичната работа за учениците и студентите” посочи Спасов и дополни:

“Секој работник  го има основното право на безбедност, заштита и здравје при работа, а обврската тоа да го овозможиме е заедничка на нас надлежните институции, синдикатите и работодавците. Само со вистински партнерски однос кој досега се потврди, вработените ќе бидат сигурни на своето работно место. Ние продолжуваме со осмислување на нови мерки и нови иницијативи, кои ќе бидат во насока на исполнување на целта на Економско-социјалниот совет, а тоа се високи стандарди на работа во Република Македонија”, рече министерот за труд и социјалнаполитика Диме Спасов.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }