Зголемување на минималната плата од јануари 2015

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митревски на заедничка конференција за медиумите информираа за најновите измени на Законот за минимална плата усвоени од Економско Социјалниот Совет и Владата на Република Македонија. Имено, Владата на Република Македонија и социјалните партнери од Економско-социјалниот совет целосно се посветени на подобрување на стандардот на работникот. 



“Водени од таа цел, одржуваме постојан и конструктивен дијалог кој резултира со поволни иницијативи за работниците, прифатливи за сите страни, па така за прв пат во 2012 година,  со посебен Закон  се овозможи да се утврди најнискиот месечен износ на основна плата кој работодавачот беше должен да му ја исплати на работникот во висина од 8.050 денари, за годинава истата да се покачи на 8.800 денари, а со направените измени дефиниравме дека покачувањето на минималната плата следната година ќе започне од почетокот на годината, односно од 1 јануари 2015 година, при што минималната плата од 8.800 денари ќе се зголеми и ќе изнесува 9.590 денари, за во јануари 2016 година да се зголеми на 10.080 денари.  

Во дејностите кои се трудо интензивни, производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи од кожа, исто така ќе има зголемување на минималната плата од 1 јануари 2015 и ќе изнесува 8.050 денари, за 2016 година 9.000 денари, за 2017 година 9.590 денари и за 2018 година 10.080 денари. Воведувањето на минималната плата покажа дека има поволно влијание врз економијата, со што се  потикнаа нови преговори меѓу социјалните партнери и резултираше со нејзино зголемување”, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на заедниката конференција за медумите со ССМ.        

Спасов потенцираше дека на барање на Сојузот на синдикати на Македонија, но и поаѓајќи од потребата за зајакнување на механизмот за исплатата на минималната плата на вработените во Република Македонија, како и заштита на интересите на работниците, се предвидоа измени во делот на казнените мерки. 

“Со новите измени се предвидува доколку државниот инспектор за труд утврдил и констатирал дека на работникот му е исплатен понизок износ од висината на минималната плата, работодавачот најпрво има обврска во рок од седум дена да ја исплати минималната плата, но доколку не постапи односно не ја исплати минималната плата во рок од 7 дена, во тој случај ќе му се изрече глоба во износ од 8.000 до 9.000 евра во денарска противвредност.  Доколку во рок од една година, работодавачот го направи истиот прекршок, односно не му се исплаќа минимална плата на работникот ќе му се изрече глоба од 9.000 до 10.000 евра во денарска противвредност, а државниот инспектор за труд ќе донесе решение за забрана на работата на работодавачот во траење од 15 дена за кој период ќе биде обврзан да исплати минимална плата и социјални придонеси за вработените. Во измените на Законот за минимална плата, исто така се предвидени и глоби за одговорното лице кај работодавачот, во износ од 4000 до 5000 евра во денарска противвредност”, рече Спасов и заклучи: “Овие предлог измени се потполно во интерес и заштита на правата на работниците во Република Македонија, а Владата и партнерите од Економско-социјалниот совет остануваат посветени во рамки на можностите, да ја подобруваат економската положба на работниците преку покренување на различни иницијативи и  соработки”.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }